Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 23 » Слика на Мартиноски на изложба на југословенската модерна
    3:54 AM
    Слика на Мартиноски на изложба на југословенската модерна

    Слика на Мартиноски на изложба на југословенската модерна

    Во поставката отворена во Домот на војската во Србија, покрај Мартиноски, се вклучени повеќе од 50 дела што досега не се презентирани како целина, а за оваа пригода е направен избор што се состои од цртежи, акварели, пастели и дела во темпера и гваж изведени со комбинирана техника на хартија

    Дело на македонскиот сликар Никола Мартиноски е дел од изложбата „Исповедите на југословенската модерна“, отворена месецов во Атриумот на Домот на војската во Србија. Се работи за сликата „Приемен ден“, работена во темпера, од 1948 година. Мартиноски има неколку дела со ваков наслов, а станува збор за традиција во Крушево кога ќе дојдат гостите да честитаат именден, да бидат послужени со пијалак и слатки, поседуваат петнаесетина минути и си заминуваат.

    Мартиновски е еден од основачите и прв директор на уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство.
    Мартиноски е роден во Крушево, на 18 август 1903 година. Дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт во 1927 година како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година престојувал во Париз, a по враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тенденции карактеристични за Париската школа, на овие простори се истакнувал и со својата општествена активност. Имал повеќе самостојни изложби пред војната и потоа. Првата изложба му била во 1929 година во Скопје, по што следувале изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и други места. Групно изложувал во многу европски земји и во земјава. 

    Во поставката отворена во Домот на војската во Србија, покрај Мартиноски, се вклучени повеќе од 50 дела што досега не се презентирани како целина, а за оваа пригода е направен избор што се состои од цртежи, акварели, пастели и дела во темпера и гваж изведени со комбинирана техника на хартија. Неколкуте стотини дела на хартија настанале во период од еден век, од првите децении на 20 век до втората декада на новиот милениум. Ликовната рефлексија на времето во голема мера може да се следи низ целокупната уметничка збирка на Домот на војската, иако за следење на стилските движења предност им се дава на медиумите што поизразито ги рефлектираат движењата во уметноста. Согледани на едно место овие експонати претставуваат своевидна панорама на уметничките случувања во векот што е зад нас. 
    На изложбата, освен со делото на Мартиновски, публиката може да се запознае и со сликите на Љубомир Љуба Ивановиќ, Сава Шумановиќ, Стојан Челиќ, Предраг Пеѓа Милосављевиќ, Младен Србиновиќ, Габриел Ступица, Златко Прица и други автори. Изложбата е отворена до 6 февруари.
     
       
    Извор: “Нова Македонија“
    Views: 398 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025