Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 24 » Донецк не гледа смисла за преговори со Киев, го обвинува Порошенко за цивилните жртви
    0:00 AM
    Донецк не гледа смисла за преговори со Киев, го обвинува Порошенко за цивилните жртви

    Донецк не гледа смисла за преговори со Киев, го обвинува Порошенко за цивилните жртви

     

    Во моментов не гледам никаква смисла да се водат преговори со Киев, откако ние започнавме да напредуваме, изјави во петокот челникот на рускојазичните бунтовници на самопрогласената ткн Народна република Донецк, Александр Захарченко, и го обвини украинскиот претседател Петро Порошенко дека е виновен за смртта на цивилите во бомбардирањето на јавниот транспорт во одметнатиот град со милион жители во источна Украина.

     

    „Смртта на тие луѓе лежи само на вашата совест, затоа што вие им дадовте наредба на своите војници да стрелаат врз вашиот град и сега да ги убиваат нашите деца и стари лица“, му се обрати челникот на донецките бунтовници, инаку етнички Украинец, Александр Захарченко, на украинскиот претседател Петро Порошенко.

    „Ние можеме да ги отфрлиме вашите единици од нашите градови, за да ги сопреме нападите на вооружените сили на Украина врз населените места во Народната република Донецк“, порача Захарченко.

    „По оваа трагедија, јас ќе дадам наредба повеќе да не се земаат заробеници. Нам не ние потребна размена“, на плениците што е една од точките на мировните преговори од почетокот на септември во Минск, истакна лидерот на проруските бунтовници, пренесе РИА Новости.

    Захарченко потврди дека освен што го контролираат градот Донецк со приградските населби, цел на офанзивата што ја преземаат во моментов е да се отфрли линијата на фронтот зад границите на истоимениот регион кој го сочинуваат девет области, и повтори дека целта е да се спречи гранатирањето на цивилното население.

    „Ќе напаѓаме сé до границите на регионот Донецк, но ако видиме закана од друга насока - ќе ја неутрализираме. Киев не разбира дека сега можеме да напаѓаме истовремено од три насоки. Од наша страна повеќе нема да има обиди во врска со преговорите за примирје“, рече Захарченко, пренесува BBC.

    Заострувањето на реториката на водачот на рускојазичните бунтовници следеше ден по крвавите судири во областа на аеродромот крај Донецк со повеќе од 40 загинати во последните 24 часа. Битката за урнатините на поранешниот голем меѓународен аеродром обновен за Европското фудбалско првенство во 2012-та сега репортерите на светските агенции го споредуваат со приказите на Сталинград во текот на Втората светска војна.

    Во четвртокот во Ленинската област на Донецк тролејбус на градскиот транспорт беше погоден од граната при што според последните прецизирани податоци на локалните власти загинале осум цивили а 17 се тешко ранети.

    Бунтовниците тврдат дека украинските безбедносни сили отвориле оган врз цивилите, веројатно минофрлачки. Министерството за одбран на Украина, пак, негираше каква и да е инволвираност на своите единици и за трагедијата ги обвини бунтовничките сили. Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) повика на итен прекин на огнот во побунетите региони во источна Украина познати под заедничкото име Добнас.

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во четвртокот овој инцидент нарекувајќи го „група провокација“ од страна на Киев и „гнасно злосторство против човечноста“ побара итна истрага на ОБСЕ „за да се спречи бесмисленото убивање цивили“.

    Прозападната влада во Киев и Западот тврдат дека регуларни руски единици се борат на страната на рускојзаичните бунтовници на територијата на Украина, со поддршка на руски тенкови и тешка артилерија, а Порошенко во средата тврдеше дека на уркаинска територија се наоѓаат 9.000 руски војници, што НАТО не го потврди но ја обвини руската страна за воено помагање на бунтовниците. Москва решително го отфрла тоа тврдење и бара докази за него, но не негира дека може да има руски доброволци кои им се приклучиле на сонародниците во доминантно рускојазичните региони во југоисточна Украина.

    Рускиот претседател Владимир Путин, чие писмо од мината седмица со предлогот тешкото вооружување на двете страни да биде повлечено на 30 километри од линијата на разграничувањето остана без одговор од неговиот украински колега Петро Порошенко, во петокот за ескалацијата на судирите ги обвини „злосторничките наредби“ од Киев.

    „Властите во Киев издадоа официјална наредба да се покрене сеопфатна воена операција по должината на речиси целата линија на контакт меѓу двете страни. Резултат на тоа се десетици убиени и ранети,. Но не само во редовите на војниците на двете страни, туку и меѓу цивилите“, рече Путин.

    „Одговорноста паѓа на оние коишто ги издадоа злосторничките наредби. Луѓето коишто тоа го прават би требало да знаат дека нема поинаков начин за решавање на таквите судири освен мировните преговори и политичките мерки“, додаде шефот на руската држава, пренесе Reuters.

    Путин, исто така, уште еднаш во петокот потсети и истакна дека Украина не одговорила на неговото писмо до Порошенко да се повлече тешкото вооружување, како еден од чекорите за спроведување на прекинот на огнот./крај/мф/сн

    http://makfax.com.mk/svet/evropa/doneck-ne-gleda-smisla-za-pregovori-so-kiev-go-obvinuva-porosenko-za-civilnite-zrtvi

    Извор: “Макфакс“

    Views: 298 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024