Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2025-01-07, 11:09 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 25 » ОБСЕ потврди дека Мариупол е гаѓан од североисток, Киев јавува за 30 мртви, бунтовниците демантираат
    3:36 AM
    ОБСЕ потврди дека Мариупол е гаѓан од североисток, Киев јавува за 30 мртви, бунтовниците демантираат

    ОБСЕ потврди дека Мариупол е гаѓан од североисток, Киев јавува за 30 мртви, бунтовниците демантираат

     

    Гаѓањето на градот Мриупол во Донецката област е извршено од источна и североисточна насока, се наведува во извештајот на специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), без да се прецизира чии единици се наоѓаат во тоа подрачје, додека прозападните власти во Киев ги обвинуваат рускојазичните бунтовници и соопштуваат дека во гранатирањето имало 30 цивилни жртви, а, пак, овие тврдат дека станува збор за погрешно отворање оган од страна на украинските сили.

     


    „Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ спроведе анализа на кратерите и прелиминарната процена покажува дека станува збор за експлозии на проектили од системите ‘Град’ и ‘Уран’. Според анализата, проектилите ‘Град’ се истрелани од североисточен правец, додека проектилите ‘Уран’ од исток“, се вели во извештајот на ОБСЕ објавен во саботата ноќта.

    „Претставниците на мисијата регистрираа бројни оштетувања на згради, продавници, домови и училишта. Мисијата регистрираше 19 ракетни удари. Гаѓањето во областа на улицата Олимписка на 8,5 километри од центарот на Мариупол околу 400 километри од контролен пункт на украинската војска“, се дова во извештајот.

    Властите во Киев толкувајќи ги зборовите на претседателот на самопрогласената ткн Донецка народна република, Александар Захарченко, тврдат дека рускојазичните бунтовници покренале офанзива врз овој стратешки град на брегот на Азовското Море, но Захарченко тоа го демантираше тврдејќи дека нивните сили не се подготвуваат за напад врз градот.

    Претставниците на рускојзаичните бунтовнички сили од самопрогласената ткн Народна република Донецк во источна Украина, уште во саботата претпладнето ја демантираа информацијата што претходно ја пренесоа западните агенции повикувајќи се на официјални претставници на прозападните власти во Киев, и тврдат дека не поседуваат артилерија со којашто наводно го гаѓале Мариупол.

    Со заземањето на Мариупол, половина милионски град со мнозинско рускојазично население кој од април 2014 година е под контрола на Националната гарда на Украина а во контраофанзивата од август минатата година до неговите предградија избија проруските бунтовници, би се воспоставила копнена врска на одметнатите источни проруски региони и црноморскиот полуостров Крим кој ланскиот март преку референдум се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

    Захарченко и другите челници на проруските бунтовници негираа одговорност за гранатирањето на Мариопул, обвинувајќи го Киев за провокација.

    „До денеска ние не преземавме активни дејствија во Мариупол. Ние ја чуваме нашата сила. Меѓутоа, откако Киев реши да ја префрли одговорноста за погрешното отворање на оган од нивните системи ‘град’ од Бердјанск врз станбена населба, јас дадов наредба за неутрализирање на позицијата на украинската војска источно од градот“, изјави Захарченко, пренесува РИА Новости.

    „Меѓутоа, никој нема да го нападне градот“, истакнува челникот на самопрогласената Народна република Донецк.

    Според Захарченко, во текот на последните денови Киев групирал моќни воени единици во Мариупол, а позициите коишто ги држат проруските сили во блискиот град Новоазовск се во опсада и се подложени на оган од ракетни системи „Град“ и тешка артилерија.

    „Во саботата таму се појавија уште и оклопните возила на 28-та украинска бригада. Тоа го прават со цел да ги засилиме нашите единици во областа на Мариупол со оние кои се вклучени во одбраната на аеродромот во Донецк за да не’ ослабат и да не’ отфрлат од таму“, додава Захарченко.

    Истакнува во изјавата дека жителите на Мариупол не треба да стравуваат, бидејќи „таму се наши луѓе, исто како и во Донецк“.

    Во гранатирањето на станбена населба во Мариупол загинаа 30 луѓе, а овој број би можел да расте, се наведува на интернет страницата на градоначалникот на овој пристанишен и индустриски град, кој освен во априлските безредија во градот со десетина жртви, досега беше поштеден од судирите. Се додава дека има 96 ранети цивили.

    Во гранатирањето уништени се целосно три куќи, а на три деветкатници се искршени прозорците од ударниот бран, јавува репортерот на AFP. Јавува дека и по десет часа од гранатирањето пожарникарите се справуваат со огнот, а војниците и полицијата патролираат по опустените улици.

    Во саботата доцна вечерта американскиот државен секретар Џон Кери ги обвини проруските бунтовници за напад врз Мариупол.

    Давајќи ја изјавата во Цирих, Кери рече дека „треба да се осуди тоа што сепаратистите (како што Западот и Киев ги нарекуваат рускојазичните бунтовници –з.р.) јавни ги величаа овој и другите напади, отворено го нарушуваат од нив потпишаниот договор од Минск“, пренесува Reuters.

    Кери истовремено ја повика Русија „веднаш да ја прекина поддршката на сепаратистите“ во југоисточна Украина. Во спротив, како што се закани државниот секретар, „американскиот и меѓународниот притисок врз Русија и нејзините поддржувачи само ќе се зголемува“.

    Москва, пак, како и повеќепати досега тврди дека на никаков начин не е вмешана во конфликтот во соседна Украина кој го нарекува „внатрешен“, како и дека не ги снабдува бунтовниците со опрема и војници, и бара докази за таквите обвинувања. Русија, исто така, го обвинува Западот, дека со снабдувањето со оружје на Киев ги подгрева милитантните струи кои гледаат воено решение на судирот во југоисточните региони на земјата./крај/мф/сн

    http://makfax.com.mk/svet/evropa/obse-potvrdi-deka-mariupol-e-gagan-od-severoistok-kiev-javuva-za-30-mrtvi-buntovnicite-demantiraat

    Извор: “Макфакс“

    Views: 297 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025