Путин: Украинската војска е легија на НАТО чија задача е да ја сопре Русија
Украинската армија всушност е „легија на НАТО“ која не ги штити националните интереси на Украина, туку упорно се обидува да ја потисне Русија, изјавил денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Многу често кажуваме: украинската армија, украинската армија. Но кој всушност се бори таму? Има, сепак, делумно официјални единици на оружените сили, но во најголем дел се таканаречените „доброволечки“ националистички батаљони“, кажал Путин.
Тој додал дека целта на украинските трупи е поврзана со „постигнување на геополитичките цели за вршење притисок врз Русија“. Путин зборувал пред ученици во Санкт Петербург.
Претседателот на Русија кажал и дека Киев бил решителен во изнаоѓањето на политичко решение на кризата во источна Украина, но само додека стапило на сила примирјето, кое го искористиле за зајакнување на своите воени сили.
„За жал, Киев одбива да го следи патот на мирно решавање на проблемот. Тие не сакаат да ја решат кризата со политички средства“, кажал Путин и додал дека властите во Киев најпрвин користеле законски мерки, па потоа се обиделе со употреба на полициските сили, за на крајот регионот Донбас да го нападнат со војска.
Извор: “МКД“
|