Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 0:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 29 » ИНТЕРВЈУ - КАЈ МЛАДИТЕ НЕМА ГОЛЕМО ПАТРИОТСКО ЧУВСТВО
    1:14 AM
    ИНТЕРВЈУ - КАЈ МЛАДИТЕ НЕМА ГОЛЕМО ПАТРИОТСКО ЧУВСТВО

    ИНТЕРВЈУ - КАЈ МЛАДИТЕ НЕМА ГОЛЕМО ПАТРИОТСКО ЧУВСТВО

    „Нашиот најголем проблем е одливот на младата генерација. Мора да се подобри економијата за тие да се задржат на родните огништа“, вели владиката Иларион, митрополит на Брегалничката епархија

    Иван Боjаџиски 



    Г-дине Иларион, јавно го изразивте своето задоволство од присутноста на народот во верските храмови на Брегалничката епархија за време на верските празници. Кои Ви се аргументите за тоа задоволство? 

    И во времето на овие верски празници полните цркви само ни потврдија дека кај нашите луѓе никогаш не престанала и никогаш нема да престане традицијата на празнување на големите христијански празници. Се покажа уште еднаш дека верата денес има поголема слобода и дека таа доаѓа повеќе до израз. Но, во целата работа јас гледам и еден проблем, а тоа е недостигот од поголемо духовно воспитување, посебно на помладата генерација за таа вистински да си ја сака верата.



    Што треба да се направи за да се постигне поголемо духовно воспитување?

    Јас постојано говорам за потребата од воведување веронаука во училиштата и тоа уште од прво одделение. Тука најмногу може да си помогнеме само ако веронауката се воведе во образовниот систем. Факт е дека на оваа тема се дискутираше, се водеа многубројни дебати, но исто така факт е и дека засега нема позитивна разврска. За време на богослужбите премногу се зборува, има многу суеверие при крштевки, венчавки и погреби и воопшто во секојдневниот живот, а тоа говори дека имаме голема потреба од верска наобразба.



    Г-дине Иларион, и како црковно, но и како световно лице би сакале да ни дадете одговор за тоа кој проблем, во моментов го сметате за најголем и најзначаен за иднината на македонската нација?

    Фактот што во рамките на нашата Брегалничка епархија имаме се' помалку крштевки и венчавки, а се' повеќе погреби, е нашиот најголем проблем. Во Радовиш, на пример, на полугодието од оваа учебна година дури 13 деца се испишале, бидејќи нивните родители заминале на работа во странство каде што и децата ќе го продолжат школувањето. Секојдневно нашите градови опустуваат како што во времето на индустријализацијата се запустуваа селата кога луѓето се селеа во градовите. Ни одат млади луѓе, пред се'. Како причина го наведуваат подобриот живот во странство, сигурната егзистенција....Но, во оваа приказна има и еден вид помодарство, зашто голем број од нив одат за брзо да спечалат богатство, иако и тука не им е лошо. Сепак, во последно време имаме и враќање на родното огниште, а примерот е Виница каде што четири семејства се вратиле бидејќи оцениле дека тука им е подобро отколку во туѓина. Мора да се работи на подобрување на економската состојба на семејствата.



    Како да се решава овој проблем? Многу аналитичари на актуелните општествени состојби тврдат дека Истокот се' повеќе се претвора во област во исчезнување?

    Лично мислам дека тука треба да се работи на две полиња: прво, да се работи на јакнење на националното чувство кај младите. Мислам дека тоа кај нашата млада генерација денес го нема, или барем го нема во мерката која е неопходна. На патриотските чувства треба да се работи уште кога детето ќе тргне во прво одделение. Второто поле е економијата. Да се подобрува економијата, младите лесно да доаѓаат до работни места за својата работа да добиваат плата со која ќе можат да си го издржуваат семејството. Само така најголемиот број млади ќе носат одлуки за о(п)станок на родните огништа. 



    За нашите свештеници голем дел од граѓаните велат дека живеат на висока нога и во раскош, наспроти нивните верници од кои голем дел едвај да имаат за три оброка дневно. Како на таквите мислења гледа нашата црква? 

    Многу Ви благодарам што ми го поставувате ова прашање. И ние во епархијата слушаме такви ставови кои доаѓаат од луѓе кои не ја знаат целосната вистина за животот на свештените лица. Треба да се знае дека нашите свештеници немаат плата, живеат од такси и од доброволните прилози на верниците. Црквата се самофинансира, а од парите кои ги обезбедува самата го финансира и Богословскиот факултет, а помага и каде може и колку може. Во рамките на нашата епархија има се' помалку народ, се' помалку млади и се' помалку венчавки и крштевки. Како пример ќе го земам Штип со Карбиници. На оваа територија имаме 20 свештеници, а неделно имаме најмногу до 10 венчавки и уште толку крштевки, што е премалку. Нашите свештенци живеат како и секој наш просечен граѓанин, некои и под тоа ниво.



    Се' почесто се слуша дека сме меѓу малиот број православни народи кои Божик го слават на 7 јануари, а католиците на 25 декември и дека тоа треба да се промени. Вакво барање посебно доаѓа од бизнис заедницата...

    Точно е дека раѓањето Христово, Божик, на 7 јануари го слават само верниците на Руската, Српската и Македонската православна црква, како и Јерусалимската црква и Света Гора. Како член на Синодот на МПЦ, можам само да кажам дека ние не сме разговарале за некакви промени по ова прашање. Конечно, секоја промена во ваква насока предизвикува поделби меѓу верниците и клерот. И, токму поради нивното единство потребно е се' да си остане како и до сега, а од теолошка страна, календарот којшто го почитуваме си има своја оправданост. 



    Одвреме-навреме, или кога ќе дојде моментот црквата излегува со став дека не ја прифаќа „модата“ да се палат бадникарски огнови и дека е тоа пагански обичај. Што е тука спорно, уште повеќе ако се знае дека огнови беа палени и во светите дворови на две големи цркви во Штип? 

    Овој обичај е „увезен“ од соседна Србија и е точно дека е пагански. Но, тој во себе содржи и црковен карактер. Огнот ја симболизира светлината, а Господ Исус Христос има речено „Јас сум светлина во светот“. Исто така, огнот ја симболизира витлеемската ѕвезда и огнот кој го запалија пастирите за да се стопли новороденчето. Конечно, ако тоа нашиот народ го прифатил како своја традиција, свој обичај и верување, јас не гледам ништо лошо во тој чин.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 274 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024