Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 11:52 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 29 » Лавров: Украина мора да го задржи неутралниот статус, НАТО не ги надминува стереотипите
    1:31 AM
    Лавров: Украина мора да го задржи неутралниот статус, НАТО не ги надминува стереотипите

    Лавров: Украина мора да го задржи неутралниот статус, НАТО не ги надминува стереотипите

     

    Со цел да се спречат натамошните поделби во Украина, од суштинско значење е земјата да го задржи неблоковскиот статус, смета рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во неговата статија „Приоритетите на Русија во Европа и светот“, објавена во јануарскиот број на српското списание Хоризонти и поставена на страницата на руското министерство за надворешни работи, во која Лавров уште тврди дека НАТО во својата сегашна форма претставува остаток од периодот на Студената војна.

     

    „Во повеќе наврати и по различни поводи и на различни места предупредувавме дека обидите да се насочи Киев да се одреди кон еднонасочен надворешнополитички вектор – кон запад или кон исток, се соочуваат со сериозни последици за сé уште кревката украинска државност“, истакнува во написот Лавров и додава „Не бевме сослушани, и како резултат на од Западот поддржаните државен удар и вооруженото преземање на власта во Украина се дојде до работ на поделбата“. Според него, во таквите околности „слободната волја на населението на Крим беше реакција на акциите на ултранационалистите кои наместо да работат на консолидацијата на украинското општество, ја туркаа земјата во граѓанска војна“.

    Црноморскиот полуостров Крим кој во комунистичката историја на Советскиот сојуз административно е пренесен во составот на Украина како автономна република, автономија која е укината во 1990-те со осамостојувањето на Киев, во март се побуни откако прозападните сили преку крвави протести го соборија претседателот Виктор Јанукович кој беше обвинет за свртување на земјата кон Москва, и тамошно доминантно руско и рускојазично население се реши да се присоедини кон Руската Федерација, што предизвика повеќекратни санкции од Западот и заладување на односите не нивото од крајот на блоковската Студена војна.

    „И покрај сложеноста на ситуацијата, ние сме убедени дека постигнувањето мир и хармонија во Украина е сосема реална задача. Важна состојка на успехот е инклузивниот национален дијалог, како што беше предвидено со Женевската декларација потпишана од Русија ЕУ, САД и Украина на 17-ти април 2014 година“, потцртува шефот на руската дипломатија. „Очигледно е дека правата и интересите на сите, без исклучок, региони и граѓани мора во целост да бидат загарантирани“. Руската страна „упорно се залагаше за продолжување на работата во рамките на Минскиот процес, чија основа се директните контакти на Киев со Донецк и Луганс со уважување на изборите во Донбас“.

    Во април минатата година побунетите рускојазични региони во Донецк и Луганск, познати под заедничкиот назив Донбас, кои претходно непризнавајќи го легитимитетот на прозападните власти во Киев бараа федерализација на Украина по укинувањето на законот со кој рускиот јазик го загуби статусот на службен а Киев именуваше нови регионални раководители, одржаа избори со кои ги самопрогласија ткн Народни републики чии челници објавија дека имаат намера да се отцепат од Украина и побараа присоединување кон Руската Федерација. Официјална Москва засега настојува проруските бунтовници да ги убеди да преговараат со Киев за поголема автономија.

    „Со цел да се спречат натамошните поделби во Украина, од клучно значење е таа да го задржи својот неутрален статус“, убеден е Лавров.

    Тој уверува дека Русија ќе продолжи и натаму „целосно да соработува во создавањето поволна клима за решенија за големите проблеми со кои се соочува украинскиот народ“. „Притоа неопходно е да се сфати дека обидите да се изврши притисок врз Русија со едностраните санкции, чијашто примена е нелегитимна и осудена со одлуките на Генералното собрание на ОН, нема да не присилат да се откажеме од она во што веруваме дека е исправно и праведно“, вели рускиот министер за надворешна работи.

    Обидите на Брисел да ја префрли одговорноста за украинската трагедија, логиката на ограничувањата и заканите станаа фактори коишто и` нанесуваа штета на стабилноста во Европа, смета Лавров.

    Зголемувањето на военото присуство на НАТО во близината на руските граници јасно ја покажува неспособноста на северноатлантската воена алијанса да ги надмине стереотипите на Студената војна, размислува шефот на руската дипломатија натаму во текстот.

    На самитот во Велс на почетокот од септември минатата година, земјите членки на НАТО го усвоија планот за засилена колективна одбрана и ги договорија параметрите за формирање сили за брзо дејствување. Тоа вклучува распоредување на сили на земјите членки на сојузот на источните граници на НАТО поради, како што беше истакнато, предизвикано од руската политика во украинската криза кои ќе ротираат, создавање тимови на Силите за брза реакција, оперативни бази за нив и специјален команден центар.

    „Брзото преминување на НАТО на конфронтирачка реторика за да се прекине соработката со Русија, зголеменото воено присуство во близина на руските граници јасно ја покажуваа неспособноста на Алијансата да го надмине стереотипите од ерата на Студената војна. За жал, НАТО во својата сегашна форма, во голема мера, останува остаток од минатото време“, истакнува Лавров.

    Задржувајќи се на актуелната ситуација во светската политика, Лавров вели дека е очигледен фактот оти „без обединувањето на потенцијалите на земјите и од источниот и од западниот дел на европскиот континент, невозможно е да се осигури за Европа нејзиното заслужено место во новиот меѓународен поредок, кој е карактеризира со засилена конкуренција во сите сфери“.

    Лавров во текстот потсетува и дека рускиот претседател Владимир Путин ја предложи идејата за конзистентен процес на усогласување на европските и евроазиските интеграции, вклучително и создавање до 2020 година на слободна трговска зона меѓу Европската унија и Евроазиската економска унија, во којашто засега членуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија а беше предвидена да членува и Украина до пред соборувањето на претседателот Виктор Јанукович во февруари 2014 година.

    „Без сомнение, многу од проблемите на Европа би се решиле значително полесно, доколку би можеле да се договориме за заедничко движење кон заедничката стратешка цел – постепено изградување заеднички економски и хуманитарен простор од Лисабон до Владивосток врз принципите на неделивост на безбедноста и широката соработка“, вели уште министерот за надворешни работи на Русија и додава дека „За реализацијата на оваа амбициозна задача постојат сите неопходни предуслови, како што се цивилизациските и културолошки корени, висок степен на комплементарноста на економиите, посветеноста на истите правила за трговија во согласност со прописите на Светската трговска организација, заинтересираноста на изнаоѓање патишта за иновативен раст“.

    Лавров, исто така, во текстот под наслов „Приоритетите на Русија во Европа и светот“ изразува надеж дека „бариерите воспоставени без резонско објаснување“, меѓу НАТО и Русија, набрзо ќе бидат надминати.

    „Неопходноста од колективна акција ја диктира ситуацијата во Авганистан, имајќи го предвид завршувањето на мисијата ИСАФ. Таа земја е далеку од стабилна, останува да претставува извор на ширење сериозни закани, вклучително и тероризмот и трговијата со дроги врз соседните држави, како и во централна Азија“.

    „Би сакал да мислам дека здравиот разум ќе овозможи да бидат надминати без разумно објаснување воведените пречки за воспоставувањето на практичната соработка со НАТО“, смета Лавров./крај/мф/сн

    http://makfax.com.mk/analizi/lavrov-ukraina-mora-da-go-zadrzi-neutralniot-status-nato-ne-gi-nadminuva-stereotipite

    Извор: “Макфакс“

    Views: 314 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024