Додека Киев ги саботира мировните преговори, во Доњецк гинат цивили (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Најмалку 24 лица, меѓу кои 19 цивили, загинале во изминатите 24 часа во судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници на истокот на Украина, а обидот за обновување на нировните преговори во соседна Белорусија повторно пропаднал, јавуваат агенциите.
Преговорите меѓу претставниците на проруските бунтовници, Москва и Киев, кои за денес ги закажала Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) „се откажани“, изјавил Денис Пушилин, претставникот на самопрогласената Доњецка Народна Република.
„Белорускиот министер за надворешни работи потврди денес дека претставник од Киев нема да дојде, што значи дека преговорите пропаѓаат. Ние денес си заминуваме од Минск“, кажал тој.
Во Доњецк, кој имал речиси еден милион жители, ноќеска загинале седум цивили, а утринава уште најмалку пет кога била гранатирана зграда во која се делела храна, соопштиле градските власти.
Киев во своето соопштение јавил дека биле убиени пет војници и седум цивили во зоните под контрола на украинската војска. Борвите се разгоруваат и во Дебалцево, стратешки важен град кој ги поврзува двата бунтовнички центри Доњецк и Луганск.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:
http://youtu.be/HNavMmRhjUA
Украинската војска сѐ уште го контролира тој град со 25.000 жители, но, како што напредуваат бунтовниците, постои опасност да бидат опколени илјадниците борци кои се таму распоредени.
Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Александр Захарченко денес преку руските телевизии упатил повик „до сите украински војници“ да го остават оружјето и да си заминат дома.
„Имате шанса да си ги спасите животите и да си заминете од тука“, порачал тој. Тој им понудил и хуманитарен коридор за да се повлечат од градот
http://youtu.be/ACpO4_icRck
Извор: “МКД“
|