Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави во петокот дека Русија никому нема да му дозволи да стекне воена надмоќност над неа и вети дека ќе го исполни планот за модернизација на армијата до 2020 година, со учество на современото оружје и опрема од 70 до 100 отсто.
Русија, којашто е на удар на западните санкции поради украинската криза и погодена со падот на цената на нафтата, според економските аналитичари оваа година би требало да влезе во рецесија, меѓутоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека ќе го спроведе планот на претседателот Владимир Путин,во износ од повеќе милијарди долари.
„Задачата којашто ја постави претседателот, да ја спречиме воената надмоќ над Русија, ќе биде безусловно спроведен“, порача Шојгу, кого го цитира агенцијата РИА Новости.
Министерот повторувајќи ја изјавата на претседателот Путин, според кој Русија нема намера да се вклучи во скапата трка во вооружување, но е подготвена да ја гарантира одбранбената способност на земјата во новите услови.
„За тоа е обезбедено целосно спроведување на државната програма за вооружување и да достигнеме до 2020 година ново на осовременување на вооружувањето и опремата меѓу 70 и 200 отсто“, рече Шојгу.
Според првиот човек на руската одбрана, главните напори ќе бидат фокусирани на подобрувањето на квалитетот на стратешките нуклеарни сили, зголемување на борбената моќ и способноста на армијата и флотата, како и создавање на новиот вид вооружени сили – воздухопловно-космичките сили.
Русија до 2020 година планира да вложи 286 милијарди американски долари во модернизација на армијата и нема да го намалува воениот буџет, и покрај кризата поради којашто се скусени буџетите на другите ресори.
Командантот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, изјави дека Русија мора да се носи со новите облици на агресија од страна на Западот, вклучително и економската војна. И покрај економските проблеми, најави дека руските сили оваа година ќе добијат повеќе до 50 нови интерконтинентални нуклеарни проектили.
„Поддршката на нашите нуклеарни сили во комбинација со јакнењето на воениот потенцијал на конвенционалните војски ќе обезбедат (САД и НАТО) да не стекнат воена надмоќност над нашата земја“, истакна Герасимов.
Тензиите меѓу Русија и Западот ескалираа откако започнаа безредијата во Украина, каде што според САД и ЕУ, Русија ги поддржува воено, политички и финансиски рускојазичните бунтовници во источните региони кои не го признаваат легитимитетот на прозападните киевски власти. Тоа Москва одлучно го негира и бара докази за таквите тврдења, но во обратно насока упатува обвинување дека токму Западот го конструирал „државниот преврат“ во Киев и оти ги поттикнува и вооружува украинските сили на воено решение на проблемот со рускојазичните региони.
Русија со години наназад го критизира ширењето на НАТО во Европа, особено кон нејзините граници за што тврди дека е чекор кој не е според меѓусебните договори, додека Алијансата вели дека такви договори немало. Рускиот претседател Путин неодамна ја обвини украинската армија дека дејствува како „марионета и легија на странците“ на НАТО против Русија со цел да ја стави под контрола./крај/мф/сн