Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 0:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » January » 31 » Толе-паша не сакал никако да бега
    10:19 PM
    Толе-паша не сакал никако да бега

    Толе-паша не сакал никако да бега

    Утре во с. Кушевица во Мариово културниот истражувачко-документациски центар „Калеш Анѓа“ ќе одржи чествување во чест на војводата Толе-паша, историски лик чии мошти во 2001 година заедно со останките од неговиот син беа ексхумирани од нивниот гроб во Дренска Планина, во атарот на селото Гудјаково

    Во гробот почиваа прегрнати таткото и синот, велат ексхуматорите

    МАРИОВО ОДБЕЛЕЖУВА 111 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВОЈВОДАТА

    Оттогаш на војводата Толе-паша му се оддава заслужената афирмација. 
    - По неколку чествувања направени во негова чест, започнувајќи од 1999 година, кога беше лоциран неговиот гроб во Дренска Планина, во атарот на, денес испустеното, село Гудјаково, на 1 февруари повторно ќе се чествува на неговиот гроб. Овој пат чествувањето е посветено на 111-годишнината од неговото загинување во нерамна битка на неговата 11-члена чета со триилјадниот турски аскер, која се случила на трети февруари 1904 година. Битката траела неколку часа, а во неа била уништена речиси целата чета. Меѓу загинатите се наоѓале и самиот војвода Стојан Кулиќов, познат како Толе-паша, како и неговиот млад син Велјан- смета новинарот и публицист Тренчо Димитриоски.

    Синот убиен со камен

    Приказната за загинувањето на Толе-паша е трогателна.  Современиците и историчарите потврдуваат дека најпрво во битката бил погоден синот на војводата Велјан, а неговиот татко Толе дошол да му помогне и притоа и самиот бил погоден во грбот. 
    - По завршувањето на битката турската војска ги донела телата на убиените комити на една лединка кај селото Гудјаково и тука ги оставила за да ја продолжи потрагата по други комити во околината. Кога се вратиле на местото на кое биле оставени труповите, еден од нив недостигал. Турците се вознемириле и се пуштиле во потрага низ селото, по гумната и дворовите. Еден од комитите бил сѐ уште жив и се завлечкал подалеку од местото на кое биле оставени. Се скрил во некое гумно во селото, меѓу стоговите сено. За жал, турскиот аскер успеал да го пронајде. На него налетале војниците, на чело со извесен Суљо-чауш. Комитата бил целиот во крв, се влечкал и само малку ја поткренал главата со молба, не можејќи ниту да изговори соодветен збор. Десната рака му била скршена на две места и ја влечкал покрај телото. Еден од војниците ја подигнал пушката за да го убие, но чаушот го спречил со зборовите дека не вреди на него да се „троши куршум“, зел еден поголем камен и со него силно го мавнал по главата и на тој начин го усмртил комитата. Тој, всушност, бил синот на војводата Толе-паша, Велјан - раскажува Тренчо за настанот.

    Кој бил Толе-паша?

    Толе-паша бил роден во селото Крушевица, некаде во 1863-1964 година. Имал два сина. Постариот, Трајко порано го одвел во градот Пловдив, Бугарија, и таму го оставил да живее. Помалиот останал во Крушевица. Димитриоски за „Нова Македонија“ го пренесе интересното писмо на Толе до кое дошол како истражувач, во кое тој недвосмислено ги искажувал својата родителска грижа и намерата да најде спас за својот син од немилосрдните потери на Турците по востаниците. 
     - Писмото е упатено до австрискиот конзул во Македонија, Август Крал, во кое го моли тој да ја преземе грижата за синот Велјан и тој да му биде „татко и мајка“, бидејќи во четата не може да преживее, а доколку се врати дома повторно ќе настрада, поради татка си. Во писмото Толе уште додава дека доколку би се предал и самиот тој, тоа би го направил само кај конзулот, а дека на „Турчин во рака никако нема да се даде“. Од друга страна, војводата никако не сакал да бега ниту во соседна Бугарија, во која се повлекле голем број комити и војводи. По загинувањето кај селото Гудјаково, војводата и неговиот син биле погребани во заеднички гроб во местото Четири Буки, на околу еден километар над селото, покрај Кленски Дол. Местото го запаметиле жителите на Гудјаково и по 95 години ни го раскажаа на мене, на еден од потомците на војводата Најдо Кулески, тогашниот директор на прилепскиот Завод и музеј, Илија Ристески, и скулпторот Богдан Грабулоски, таткото и синот Митре и Стојан Митрески, познати по прекарот Шикле. Подоцна ја извршивме ексхумацијата, во која, освен мене, беа археологот Александар Миткоски, антропологот Фаница Велјаноска, истражувачот Александар Ивановски-Глоговичанец и Стојан Митрески. Во гробната јама на војводата пронајдовме два скелета, на помлад и постар покојник. Сликата беше особено трогателна. Во гробот почиваа прегрнати таткото и синот. Многу моменти опишани од историчарите, писателот Стале Попов и раскажувачите се потврдија. Черепот на синот Велјан беше со стари скршеници, како и неговата десна рака. Левата рака на војводата се наоѓаше под телото на неговиот син Велјан, со тоа што на неговата дланка беше поставена главата на синот. Составивме издржана стручна документација од цртежи и фотографии - раскажува Димитриоски.
                                                     
     
     
       

    Автор: Ка.М.

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 284 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024