Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 2:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » June » 3 » Бугарската Црква бара одложување на Сеправославниот Собор
    0:12 AM
    Бугарската Црква бара одложување на Сеправославниот Собор

    Бугарската Црква бара одложување на Сеправославниот Собор

    Во денешното соопштение од официјалниот сајт на Бугарската патријаршија, беше соопштено решението на Св. Синод да предложи одложување на Сеправославниот собор, кој се очекува да се спроведе овој месец на островот Крит. Во случај Соборот да не биде одложен, бугарските архиереи, членови на Св. Синод изјавија, дека Бугарската православна црква нема да учествува во него. Го објавуваме и целосниот текст од синодалното соопштение.

    Во врска со Сеправославниот собор, Св. Синод реши да предложи негово одложување, како и да не учествува на Соборот, ако бугарските предлози за тематските и организацските промени не се земат во предвид и не се испочитуваат.

    neofit

    За својата позиција Св. Синод ги зеде во предвид следните суштински причини и околности:

    1. Тоа што во дневниот ред на Сеправославниот Собор недостасуваат теми, особено важни за светото Православие, кои би биле од актуелно значење и би барале своевремено сеправославно соборно решавање;
    2. возникнатите, официјални изјави од Помесните православни цркви за несогласување со некои од веќе одобрените текстови на Соборот;
    3. неможноста, според веќе примениот регламент за спроведување на Великиот и Свет собор на Православната црква, да се редактираат текстовите за време на работата на Соборот;
    4. предвидениот распоред на Претстојателите на Помесните православни цркви во салата, превидена за одржување на седниците на Соборот, кое го нарушува принципот на рамноправност на Претстојателите на Автокефалните Православни цркви;
    5. несоодветниот распоред на набљудувачите и гостите на Соборот;

    6.необходноста од извршувањето на големи и неосновани финансиски расходи во случај на учество на БПЦ-БП во Соборот.

    После гласањето, Светиот Синод еднодушно ОДЛУЧИ:

    1. Настојува, Великиот и Свет Собор на Православната црква, 16-26 јуни оваа година, да се одложи, а подготовката за неговото одржување да продолжи.
    2. Во спротивно, Св. Синод на БПЦ-БП категорично изјавува дека нема да учествува во работата на назначениот за 16-26 јуни, т.н. Велик и Свет Собор на Православната Црква“.

     

    Извор: “pravoslavie.bg, Македоска Православна Црква - Охридска Архиепископија-Преспанско-пелагонска православна епархија“

    Views: 254 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024