ЛАВРОВ ,,ЗБЕСНА“ И ,,ЗАГРМИ“: Доста беше! Ако си членка на НАТО не значи дека се ти е дозволено
Присуството на турски вооружани сили во Ирак без дозвола на Багдад, е неприфатливо, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Тој воедно запраша зошто молчи Запад и врти грб пред фактот дека власта во Анкара го крши суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.
“Бараме под итно турската војска да ја напушти територијата на Ирак, која се наоѓа во Ирак од пред неколку месеци, со одлука на поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, наводно за да се зацврсти суверенитетот на Ирак. Тоа е потполно неприфатливо“, рече Лавров.
Воедно Лавров истакна дека турските сојузници треба да обрнат внимание на однесувањето на Анкара во регионот.
“Ставот на НАТО дека Турција е нејзина членка и дека тие меѓусебно ќе ги решат проблемите е навистина проблематично. Што е со Кипар? Тој не е член на НАТО, а турски авиони редовно го кршат неговиот воздушен простор. И уште поважно-ако сте членка на НАТО, тогаш се ви е дозволено?, праша Лавров и ги замолча сите.
Извор: “Инфомакс“
|