Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » June » 27 » Додека Македонија да влезе во ЕУ сите ќе излезат – ШТО ЌЕ НИ Е ?!
    7:04 PM
    Додека Македонија да влезе во ЕУ сите ќе излезат – ШТО ЌЕ НИ Е ?!

    Додека Македонија да влезе во ЕУ сите ќе излезат – ШТО ЌЕ НИ Е ?!

    anita

    Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ покрена домино ефект во неколку европски држави како Италија, Франција и Холандија каде десничарски партии и евроскептици веднаш излегоа со барања за референдуми и во нивните држави.

    Италијанската опозициска Северна лига покренува кампања за собирање потписи за референдум како оној што беше одржан во Британија, Данската Народна партија повика на одржување референдум, а референдум во својата држава Холандија предложи и лидерот на антиевропската Партија на слободата, Герт Вилдерс.
    – Сакаме повторно контрола над државата, сопствените граници и имиграциската политика. Холандија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ – изјави Вилдерс.

    Претседателката на француската ултрадесничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, ја поздрави одлуката на Британија да ја напушпти ЕУ и повика на одржување референдум и во Франција.
    Во Шведска која од 1995 година е членка на ЕУ, антимигрантските Шведски Демократи објавија на својот Твитер – Сега чекаме Швегзит.

    Изгледа дека ако довчера на шега се велеше дека додека Македонија влезе во ЕУ сите ќе излезат, ама изгледа не ќе да е на шега – возот тргна да видиме до каде ќе стаса.
    Но што толку сме запнале за ЕУ.. ајде убаво е да си во голема и моќна заедница, но дали е убаво да си мала земја во таа моќна заедница? Евроскептиците се радуваат што Европа веќе со години не тапша по рамо со милион и една позитивна препорака а ние сеуште чекаме пред врата како земја кандидат. Велат што подолго со ваков статус „ни на небо ни на земја“ толку подобро.

    Ние сме мала земја неможеме да се перчиме дека ете можеме сами, кога не можеме, но доколку би влегле во ЕУ – европа ќе не изеде, ќе снема се што сме знаеле до вчера.. Самото пристапување кон ЕУ трае неколку години. Затоа преговараме во 35 поглавја. И тоа практично значи дека ЕУ навлегува во секоја пора на општеството.

    cfb83e3f-944e-4d83-af39-09f42f4a0067

    Нема мали земјоделци – големите фирми ќе царуваат

    Влезот во унијата ќе донесе некои одредени стандарди на производството, но доколку некои мисли дека пристапувањето во ЕУ ќе биде можност за да работи помалку и да живее подобро, тоа е илузија. Пристапувањето во ЕУ значи дека ќе бидеме изложени на силна конкуренција, нови правила кои не се наши а по кои европа вече долго време игра па нивните работници ќе се и поквалификувани од нашите.
    Освен повеќе инвеститори и нови работни места, идното членство во ЕУ ќе ни донесе европски цени, но со македонски плати, модерни земјоделци, кои ќе мораат да пишуваат проекти, наместо да чекаат субвенции од државата, но и забрана за продажба на домашна ракија по пазарите.

    Во Бугарија, намалувањето на субвенциите, ја доведе до ваква состојба каква што е сега, а беше најпознатиот производител во Источна Европа на зеленчук и увозител од ЕУ на компири и краставици. Исто така шеќерната иднустрија во Романија и Бугарија е речиси уништена а претходно царуваше.
    Во 2013 Бугарија изгуби дури 60% работни места, остана без луѓе, сите бегаат по работа надвор. Довчера патлиџан република, престана да произведува домати, на пазарот има колку сакаш пиперки од Холандија но не и од Бугарија. Некои податоци велат дека дури 80 насто од сите врсти овошје и зеленшук на пазарот се увозни.

    Во Романија, еден хектар лозје е 25 пати поевтино отколку во западна Европа, а целата област во околината на Темишвар, е во рацете на странци.Доволно е странец да регистрира фирма во Романија и да може да купи земјиште.

    Малите земјоделци не успеваат да се снајдат со пишувањето на обемните и претерано захтевни проекти за да добијат пари, па така парите одат во џебовите на големите фирми. А довчера малите земјоделци се принудени да работат за нив за дневници.

    965dda15-1414-4cde-9693-c3f9cc15e84f

    Нема тавче гравче и домашна ракија

    Нема турлитава и тавче-гравче во земјено тавче. Ова е само едно од ограничувањата за македонските угостители што се обврзани да служат безбедна храна во согласност со правилата на ЕУ. Без ХАСАП-стандардите нема во Европа. Македонските граѓани веќе нема да можат да печат ракија во двор, ниту пак да колат јагне за Курбан-бајрам, да си чуваат свинчиња и кокошки освен ако не се регистрирани за тоа и поминале мал милион контроли и се олеснат со илјадници евра за дозволи – а свинчето луѓето сакаат да си го чуваат за себе.

    Повеќето од земјите-членки на ЕУ порано се соочија со забрана на вековните традиции. Така, на Полјаците им се скрати задоволството во рестораните да го јадат познатото традиционално јадење – бигос, затоа што јадењето со зелка и месо вообичаено се јаде по неколку дена откако е подготвено, што е спротивно на регулативите на ЕУ.

    Не чека поскапување на цените

    Скок на цените може да се очекува на цигарите и на алкохолните пијалаци, а најногу ќе поскапат недвижнините, па да се купи стан или куќа ќе биде единствено можно со ужасно неповолни кредити кои ќе ве направат роб до крајот на животот ( така е сега во Бугарија, Словенија, Хрватска)
    Влезот во Европската Унија на Унгарија, Бугарија и Романија, како и на Словенија, не им донесе на тамошните жители подобар живот. Економските показатели покажуваат дека ситуацијата во овие земји, од нивното влегување во Европа, континуирано и значително се влошува. Надворешниот долг вртоглаво расте, се зголемува невработеноста и расте соромаштијата.

    Откако Бугарија стана членка на ЕУ, цената на главниот прехранбен производ – лебот скокна за 10 отсто. За 20 отсто повисоки цени добија и сирењето, колбасите, јајцата и шеќерот и на цената на популарниот бугарски кашкавал, а поскапеа цигарите, алкохолните пијалаци и горивата. Според официјалната статистика, цените во Бугарија пораснале за 12,5%.

    712fedbe-25cf-492a-8a84-9ebc2798875c

    Зголемена невработеност – поголема сиромаштиjа

    Унгарија, Бугарија и Романија, како и на Словенија – Кај сите нив е забележано зголемување на невработеноста. Во Унгарија истата е речиси двојно зголемена. Податоците говорат дека невработеноста во Унгарија од 2004 до 2011 година пораснала од 5,9% на 10,9%, во Романија од 2007 до 2011 година невработеноста од 4,5% порасна на седум проценти, а во Словенија од 6,4 % на 10,8%.
    Во Унгарија бројот на граѓани кои живеат под границата на сиромаштијата од 8,6%, колку што изнесуваше во 1993 година, порасна на 13,9% колку што била во 2010 година.

    Во Романија бројот на сиромашни од 14,1% во 2003 година, е зголемен на 21,1%, во 2011 година, а во Бугарија со 14,1% колку што беше во 2003 година, скокна на 21,8% во 2008 година. Ваквите резултати многу лошо влијаеа на земјоделството, кое претрпе големи загуби.

    Еврото како официјална валута е добар за големите извозници како Германија, но не е погодно за големите увозници како малите држави. Надворешниот долг би се зголемил за неколку пати.

    Грција е во долгови до гуша, Шпанија исто и има 45% незапослени млади луѓе.

    Ако пак сакаш да одиш против законите на ЕУ тешко тебе, ако покрене тужба ЕУ против земја која ги прекршила одредбите казните се астрономски.

    Анита Петровска Рајковиќ

    Извор: “тв нова“

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    што прочитав денес

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024