СИТЕ ЌЕ СИ „ЛЕГНАТ НА БРАШНО“: Ердоган му се извини на Путин поради соборувањето и убивањето на руски пилот!
„Ние никогаш сме немале желба или намера да собориме авион кој припаѓа на Русија“ – пишува Ердоган во писмо адресирано до неговиот Руски колега Владимир Путин
Владимир Путин примил писмо во кое Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извинил за смртта на Рускиот пилот кој беше убиен при соборувањето на Рускиот воен авион над Сириско-Турската граница минатиот Ноември, велат од Кремљ.
Ердоган изразил подготвенсот да се обноват релациите со Москва, објаснува портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
Инцидентот во кој беше соборен Рускиот СУ-24 бомбардер, доведе до најлошата деградација на Турско-Руските односи во поновата историја, како што Русите го објаснија „нож во грб“.
„Шефот на Турската држава го изрази своето сочуство до роднините на загинатиот Руски пилот и напиша дека му е жал“, вели Песков.
Во своето писмо, Ердоган ја нарекува Русија „пријател и стратешки партнер“ на Анкара, со кој Турските власти не сакаат да ги расипат односите.
„Никогаш сме немале желба и намера да собориме авион кој припаѓа на Русија“, стои во писмото, според информациите на веб страницата на Кремљ.
Според изјавата во писмото на Ердоган, потенцирано е дека „Турската страна ги преземала сите ризици и направила големи напори да се обезбеди телото на Рускиот пилот од Сириската опозиција, и да се донесе во Турција. Организацијата на пред-погребните процедури беа спроведени во согласност со сите религиозни и воени процедури“.
Анкара го смета семејството на загинатиот Руски пилот како тоа да е семејство на Турски пилот, и е спремна „за секакви иницијативи за да се намали болката и штетата од смртта на пилотот“, пишува во писмото Ердоган.
Во писмото на Турскиот лидер исто така пишува дека е започната кривична постапка и истрага за пронаоѓање на лицето осомничено за убиството на Рускиот пилот.
http://infomax.mk/wp/%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%B5%D1%80%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BD/
Извор: “Инфомакс“
|