ГАСПРОМ СЕУШТЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ИЗГРАДБА НА ТУРСКИ ТЕК
Рускиот „Гаспром“ и понатаму е заинтересиран за обнова на изградбата на гасоводот ,,Турски тек“ изјави официјалниот претставник на компанијата Сергеј Купрјанов.
„Ние сме секогаш отворени за дијалог кога станува збор за изградба на гасоводот преку Црното море до Турција“ -изјави тој.
Истовремено, заменик директорот на Фондот за национална енергетска безбедност на Русија Алексеј Гривач смета дека реализацијата на проектот и понатаму е можен, меѓутоа, по потполно нормализирање на односите меѓу двете земји.
„Нормализацијата е неопходен услов за да продолжат преговорите за соработка. Моменталните потези на Анкара се само сигнал дека постои желба за нормализација“.
Извор: “Инфомакс.мк“
|