ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ: Хаос на аеродромот „Ататурк“ по бомбашкиот напад!
Турските медиуми јавуваат дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе
Министерот Боздаг нагласи дека според сознанијата со кои располага, едниот од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел. Според медиумските извештаи, полицајците задолежни за обезбедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите и „ги неутрализирале“.
Електронското издание на весникот „Хуриет“ објави дека турскиот премиер Бинали Јилдирим наредил формирање кризен штаб во врска со нападите на истанбулскиот аеродром.
ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродромската зграда, но оваа информација не е официјално потврдена.
Досега никој не презеде одговорност за нападите. Изминативе месеци во Турција беа извршени неколку терористички напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава (ИД) или бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).
http://infomax.mk/wp/%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%B8-%D1%85/
Извор: “Инфомакс“
|