ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА СЛАВИ 61 ГОДИНА ОД ОСНОВАЊЕТО: Отворена најубавата градинка во Македонија
Општина Кисела Вода денеска слави 61 година од основањето, а како низата настани кои го одбележуваат овој датум, е и отворањето на новата градинка „Ѓурѓица“ во населба Пинтија.
На отворањето на градинката присуствуваше премиерот Емил Димитриев, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
Станува збор за целосно нов објект кој што има јасли за деца до 2 години, како и три занимални за деца од 2-6 години.
-Ова градинка претендира да биде една од најубавите градинки во Македонија,а радоста на дечињата го потврдува тоа. За само 3 години во општина Кисела Вода се пуштени во употеба три нови градинки во Црниче и во Припор што говори за една квалитетна посветеност на општината во сегментот на проширување сместувачките капацитети за малите деца, рече премиерот Димитриев.
Објектот е на површина од 420 м2 и има капацитет за 80-100 деца, а инвестицијата е на општина Кисела Вода со поддршка на Министерството за труд и социјалана политика во делот на ентериерното уредување.
-Пред два дена беше пуштен во употреба Домот на културата, паралелно со тоа се работи на училиштето „Невена Ѓеоргиева Дуња“ и задно со овој проект, за трите вкупно имаме вложување од околу 2,3 милиони евра, што говори за посветеноста и на Владата и на општината за градење на нови капацитети, рече Димитриев.
Објектот е изграден за само една година и станува збор за една од најубавите детски градинки во Македонија.
-За оваа годна ова е шеста градинка по ред која што заедно со единците од локалната самоуправа ја отвораме со МТСП, ние учествуваме најчесто со опремување на новите објекти . до крајот на годината очекувам да се отворат околу 12-на детски градинки, рече министерот Спасов.
Во изминативе неколку години се изградени 49 детски градинки, а трендот за градење на нови сместувачки капацитети за најмладите ќе продолжи и во иднина се со цел да се задоволат потребите.
Извор: “Инфомакс“
|