Одмазда... Во овој поим се чувствува студот на неизбежноста. Меѓутоа, реалноста е многу покомплицирана. Секој ден во политиката, па и во секојдневието, ние се соочуваме со неправедност, слушаме за стравотни злосторства, чии виновници остануваат неказнети. Во ваков случај некои луѓе понекогаш кога ќе се најдат во очај, почнува да се чини дека одмаздата во земниот живот не постои и во најдобар случај казна стигнува до виновните на оној свет. Но, историјата, благодарение на Бог, ни дава епохални примери на триумф на правдата, кои воедно се и предупредување - за злосторствата задолжително мора да се плати и не само на овој туку и на оној свет.
На крајот на септември 1946 година ги имало уште 24 преживеани до тоа време поглавари на наци-фашистичката држава, партија и воена машинерија, кои извршиле безбројни злосторства против човештвото. Сосема неодамна тие себеси се сметале за натчовек, господари на светот, а сега, заборавајќи на својата исклучителност, мирно седеа на судската клупа во Нирнберг додека светот ги мереше нивните злосторства.
Местото за судот беше одбрано симболично - во зората на воспоставувањето на Хитлеровата власт во Германија токму во Нирнберг се одржуваа грандиозни собири на нацистичката партија кои имаа цел да покажат триумфирање на националсоцијализмот. Со други зборови, таму каде што нацизмот се појавил како разурнувачка моќ, тој беше проколнат еднаш и засекогаш.
Точно пред 70 години, на 1 октомври 1946 година, откако поминала судската расправа која траела повеќе од една година и му ги открила на светот вистинските размери на злосторствата на предводниците на Хитлеровата Германија, на овој најсудбоносен судски процес му беше ставен крај - беше изречена финална пресуда. Повеќето поглавари на Третиот Рајх беа осудени, 12 најстрашни злосторници отидоа на бесилка, а главното е дека му беше изречена смртна казна на нацизмот и фашизмот. Оваа пресуда ја поддржаа сите земји-членки на антихитлеровата коалиција, сите луѓе на чест и добра волја. Пресудата била конечна и таа не можела да се обжали. Нирнбершкиот процес мораше да стане една вакцина против некои обиди за обновување на нацизмот, фашизмот или која било друга античовечка идеологија.
Можеме ли ние по седум децении да кажеме дека вакцината с` уште важи? Се плашам дека во последните години во низа земји оваа вакцина го изгубила своето дејство. Факт е дека, генерално, светската заедница, како и претходно, ја декларира својата приврзаност кон борбата против обновувањето на фашизмот, против омразата во која било форма и се залага за почитување на човековите права. Но, покрај тие декларации многумина, како ноеви, не сакаат да ги видат многуте алармантни процеси, кои во Русија како земја што изгубила поради злосторствата на наци-фашистичките за време на Втората светска војна 27 милиони луѓе, предизвикуваат длабока загриженост.
Особен револт предизвикуваат несовесни и во најголема мера аморални обиди Советскиот Сојуз, кој беше жртва на подмолниот напад да биде изедначен со агресор, односно со Хитлеровата Германија која ја започна најкрвавата војна во светската историја. Ова извртено толкување на таа страшна трагедија одамна премина од платени псевдонаучни истражувања во животот. И сега веќе гледаме како властите на Полска и на низа други земји што себеси се сметаат за демократски држави, под изговор дека се борат против окупациски режим ги осквернавуваат гробиштата на војниците на Црвената армија, која по цена на милиони жртви ги ослободи Централна и Источна Европа од наци-фашистичките окупатори. Толку бесрамно и грубо навредување во однос на загинатите, на историјата, директно придонесува за раст на неонацизмот на европската почва.
Неонацизмот се засилува при молчаливото одобрение од Западот каде што заради свои геополитички игри манипулираат со истрагата на причините за трагедијата со летот „MH17“, ги затвораат очите пред тоа дека милитантите од десноекстремните паравоени формации, кои вршеа масовно палење недолжни граѓани во Одеса, а сега го прават крвавиот хаос во Донбас официјално ги прогласија за свои идоли Степан Бандера, Роман Шухевич и други нацистички следбеници од редовите на украинските националисти. Со истата упорност Западот не ги забележува марширањата на борци-легионери од редовите на вафен-СС и на нивни идејни наследници во Летонија и Естонија. Меѓутоа, СС, според резултатите на Нирнбершкиот процес, е признаена за криминална организација.
Во тој контекст 70-годишнината од пресудата на Нирнбершкиот трибунал добива особена смисла која деновиве ја истакна Сергеј Лавров во својот говор во Генералното собрание на ОН: „Овој јубилеј предупредува лекциите од Втората светска војна да не бидат заборавени, потсетува на катастрофалните последици од обидите судбината на светот да се решава на сметка на газење интереси на другите држави и народи. Не смее да се крие зад грижата за слобода на изразување на мислење или за слобода на мирен протест попуштајќи им на радикалните движења кои ја промовираат нацистичката идеологија, се залагаат за хероизација на фашисти и нивни помагачи. Виталноста на овие порочни инстинкти бара да се вршат континуирани напори кои имаат цел на патот на неонацизмот и на реваншизмот да се постави сигурна преграда, како и да ја засили меѓунационалната и меѓукултурната сложност, младите да се консолидираат за идеите на правдата и еднаквоста“.
Овие зборови на Сергеј Лавров неопходно е да се разгледуваат во контекст на принципиелната политика на Русија која цели да не се дозволува ревизија на резултатите од Втората светска војна, како и рехабилитацијата на фашизмот. Симболична пројава во овој правец е активна поддршка која ја дава нашата земја Генералното собрание на ОН да ја донесе годишната резолуција за недопустливост на хероизација на нацизмот. Разочарува дека земјите-членки на Европската Унија, поради лажната „политичка коректност“, моментно се воздржуваат од поддршка на оваа резолуција додека повеќето од нив ги преживеале ужасите на нацистичката окупација. Згора на тоа, САД гласаат против. Многу е жално дека Брисел бара сите земји-кандидати за приклучување кон Европската Унија да го делат овој неморален став. Меѓутоа, ни дава оптимизам фактот дека кон мнозинството од земјите-членки на Обединетите нации, кои гласаат за овој важен документ, историската меморија не е толку кратка,и тие добро ја сфаќаат опасноста од обновувањето на фашизмот.
70-годишнината од завршувањето на Нирнбершкиот процес е јубилеј од светско значење вклучително и за Македонија која по десет дена ќе ја одбележи 75. годишнина од народното антифашистичко востание. Kако што е познато, за време на ослободителната борба Македонија изгуби десетици илјади свои синови и ќерки, а еврејската заедница која со векови живеела на нејзиното подрачје беше целосно уништена во нацистичкиот логор на смртта Треблинка. Русија со длабока почит се однесува кон жртвите што народот на Македонија ги положи на олтар на борбата против фашизмот - зло што ~ се закануваше на татковината и на целото човештво. Важно е дека јавноста на земјата ја негува меморијата за тие настани и прави с` за да ја пренесе оваа меморија на идните генерации на граѓаните на Република Македонија.
Но, да се вратиме кон одмаздата... Доколку некој с` уште смета дека таа не постои и дека сега во светот с` се врши со пропагандниот мејнсрим, тој едноставно не знае за темелни сили на историјата и заборавил на резултатите на Нирнбершкиот процес. И колку да не се обидувале нацистите да ги скријат трагите на своите злосторства, да ги оправдаат за време на самиот процес, тие сепак не ја избегнаа одговорноста. Пресудата на „судот на историјата“ во стариот германски град на 1 октомври 1946 година е повеќе од само правно признание на злосторничката суштина на нацизмот. Тоа е токму она, праведна и неизбежна одмазда, на која не може да и се спротивстави ниту со моќ, ниту со пари, ниту со лага.
Извор: “Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија“
|