17.10.2016
ПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ДИОНИСИЈ АРЕОПАГИТ
Вчера нашата црква го чевствуваше празникот на Дионисиј Ареопагит. Тоа е толку важен светител, а неговите текстови имаат толку големо значење за православното сфаќање на светот, што за него треба да говориме, да си спомнуваме и да размислуваме.
Дионисиј Ареопагит бил грчки философ, кој во христијанство бил обратен од апостол Павле. Тој станал прв епископ на Атина. Подоцна тој бил испратен да проповеда во Галија, каде, според преданието, маченички го завршил животот. На грчки Ареопаг значи ридот на Арес, хеленскиот бог на војната.
Парискиот Мон Мартр, исто така, значи Ридот на Марс, богот на војната, или ридот на
...
Read more »