Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани што сакаа одблиску да го видат отецот на промоцијата на неговата книга „Несвети, а свети“
Рускиот епископ Тихон ја собра целата политичка и црковна елита на едно место. Претседателот Ѓорге Иванов, владиците на МПЦ на чело со архиепископот г.г Стефан му укажаа чест на високиот гостин од Русија.
Тихон е еден од највлијателните епископи во Руската православна црква и својата слава ја стекна благодарение на пријателството со претседателот Владимир Путин. Токму Тихон е духовен водач на Путин и тој е човекот кој ги знае сите негови тајни.
Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани што сакаа одблиску да го видат отецот на промоцијата на неговата книга „Несвети, а свети“.
Неговата претходница беа „Ноќните волци“, кои го чекаат пред влезот на библиотеката. Тихон пристигна заедно со рускиот амбасадор Олег Шчебрак.
За популарноста на Путин и на неговиот духовник во Македонија најдобро говори фактот што речиси сите присутни сакаа да се фотографираат со него, а тој со секого љубезно разговараше.
Погледнете каква беше атмосферата.
http://telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-precekan-so-najvisoki-pocesti-vernici-se-fotografiraa-i-go-baknuvaa-duhovnikot-na-putin-foto.nspx
Извор: “Телеграф.мк“