РУСИЈА - САД: ЕСКАЛАЦИЈА!?
.......................................................................................................
Како резултат на кризата во Сирија, во тек се драматични тензии во односите меѓу САД и Русија. Со оглед на фактот дека настаните се одвиваат со забрзано темпо, моментално овде само таксативно (ќе) ги проследуваме информациите кои не најавуваат ништо убаво.И онака сите анализи се веќе направени и се знае кој што прави. Моментално, ова се најочигледните точки/елементи на ескалацијата:
1. Пред два дена, рускиот претседател нареди спроведување на досега најголема вежба за справување со катастрофични ситуации, вклучително и нуклеарен напад, во која беа ангажирани дури 40 милиони граѓани на Русија.
2. Вчера, шефот на генералштабот на армијата на САД Марк Милеј мешу другото го изјави следново: „Сакам да бидам јасен за оние кои сакаат да ни наштетат....Ќе ве сопреме и ќе ве поразиме потешко од кога било порано. Немајте илузии за тоа.“
3. Денес, Командата на американските воздушни сили итно полета 3 Е6Б авиони за нуклеарна команда и контрола, плус веќе ангажираните 2 Е4 авиони кои се подвижна претседателска команда. Овие летала се дел од т.н. ТАСАМО (Take Charge And Move Out) систем на глобално командување од воздух. Тоа се прави само во исклучително ургентни ситуации.
4. Неофицијалном, членовите на американскиот воен персонал во и околу Сирија ги испраќаат своите семејства назад во САД со следново образложение: „Кажано ни е да се подготвиме за тактичка нуклеарна размена со Русија и на силите дома во САД им е наредено да се подготват за наизменична размена на интерконтинентални балистички проектили во случај ситуацијата во Сирија да ескалира.„ Ова е проследено со предупредување семејствата да релоцираат далеку од воените бази за кои се очекува да бидат цел на интерконтинентален напад.
Русија засега молчи. Во секој случај, ова е досега најлоша и најсериозна нуклеарна тензија од Кубанската криза во 1963. Се разбира, можноста дека се работи за блефирање и покажување мускули од двете страни е најголема, но со оглед на фактот дека на претседателската кандидатка на американскиот естаблишмент не и оди најдобро, не е за изненадување ако ескалирањето на тензиите по прекинот на примирјето во Сирија (т.е. по американскиот нападот на сириската воена база во Деир Ез Зор во која беа убиен 62 војници, а 100 беа ранети), било планирано токму со цел да влијае на американските избори. Да се надеваме дека ова не е т.н. „октомвриско изненадување“ за спас на Хилари, за што пишувавме минатиот пат, а особено да се надеваме дека не се до толку луди да го спроведат до крај.
Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“
|