Апофатичка теологија
Апофатичка теологија или негативна теологија (грч,αποφατικος - одрекување, негирање; лат. via negativa - негативен пат) претставува начин на стекнување на теолошко сознание низ негирање. Поради трансцедентноста на божествената суштина, Бог не може да се познае според начинот на познание на создадениот свет, земајќи ги концептите и категориите на времето и просторот. Апофатиката попрво го тврди она што Бог не е отколку она што е.
|