Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » October » 18 » Апофатичко богословие
    10:13 PM
    Апофатичко богословие

    Апофатичко богословие 

     

    Апофатичко богословие (ст.-грч. ἀποφατικός “одрекувачки“) или негативна теологија е - богословски метод, кој се содржи во изразување на суштината на Божественото по пат на последователно одрекување на сите негови возможни определувања како немерливи на него, познание на Бога низ сфаќање на она, што тој не е. Во спротивност на потврдните (позитивните) определување се утврдуваат негативните (одрекувачките): започнувајќи на пример со “безгрешен“, “бесконечен“, “бесмртен“ и завршувајќи со “ништо“.


     

    Изворите на апофатичкото богословие може да се сметаат оние места во древните митови, на пример, вавилонските, каде се говори за таинственоста и неспознатливоста на боговите.


     

    -Јасно апофатичко учење било прогласено во древноиндијските Упанишади. Апсолутот во нив се сфаќа како “не тоа, не тоа“. Нети нети.

    -Буда се откажувал да одговори на некои метафизички прашања - “четиринаесете прашања без одговор“ (се разбира, не треба да се заборави, дека молчењето не секогаш е откажување од одговор, а може да биде одговор само по себе, како укажување на излез надвор од границите што се однесуваат на категориите на мислење).

    -Според древнокинеските текстови на таоизмот, Тао нема имиња и форми.

    -Идеите за принципиелната неспознатливост на последната реалност, исто така, се појавуваат во древногрчката философија, особено кај неоплатоничарот Плотин кој го нарекува Едното “ништо“.

    -Во јудаизмот и кабалата апофатичното богословие се смета за метод на разоткривање на главниот аспект на Бога: Еин соф. При испраќањето на заповедите преку Мојсеј Бог е сокриен во густ облак (2Мој. 20, 18), а еден од тринаесете принципи на јудаизмот, според Мајмонид гласи, дека “Он воопшто нема никакво подобие“.

    -Во православното и католичкото христијанство апофатичкото богословие (чии претставници се Псевдо-Дионисиј, Григориј Ниски, во епохата на Ренесансата - Никола Кузански) се поставува над катафатичкото богословие, но не се смета за единствена можна форма на познание на Бога.

    -Арапско-исламскиот назив за апофатичко богословие е - “лахут салби“: основни приврзаници на одрекувачката методологија и противници на антропоморфните претстави за Бога во исламот биле мутазилитите (Васил ибн Ата) и суфистите.

    -Апофатичкото богословие присуствува во современата религиозна литература, каде во радикални варијанти се одрекува дури и сфаќањето на Бога (Божица) како начало и творец (мајка) на светот.

    извор: Википедија на руски

    (на сликата: древен хиероглиф на “безименото“ Тао)

    Views: 248 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024