Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » October » 30 » ЈАВАЊЕ, ПЕШАЧЕЊЕ, НУРКАЊЕ: Откријте го езерото Локув, стигнувањето дотаму е незаборавна авантура (ВИДЕО/ФОТО)
    5:52 PM
    ЈАВАЊЕ, ПЕШАЧЕЊЕ, НУРКАЊЕ: Откријте го езерото Локув, стигнувањето дотаму е незаборавна авантура (ВИДЕО/ФОТО)

    ЈАВАЊЕ, ПЕШАЧЕЊЕ, НУРКАЊЕ: Откријте го езерото Локув, стигнувањето дотаму е незаборавна авантура (ВИДЕО/ФОТО)

    Сигурно малкумина од вас слушнале за езерото Локув, а уште помалку ја посетиле оваа природна убавина која се наоѓа на планината Дешат и претставува најниското глацијално езеро на Балканот

    Локув е ледничко езеро и е едно од петте езера на планината Дешат. Тоа преставува најниското глацијално езеро во Македонија. Се наоѓа на 1.565 метри надморска висина во близина на селото Требиште.

    Фото: Телеграф.мк/Радован ВујовиќЈавање коњи низ полјани полни со папратпланинарењенуркањекапење во планинско езеро - зарем можат авантуристите да замислат нешто подобро од ова.

    Сигурно многумина од вас ќе си кажат „Каде го има ова, во Швајцарија“?

    Не, вакво нешто има и во Македонија и тоа на само час и половина од нашиот главен град. Сигурно малкумина од вас слушнале за езерото Локув, а уште помалку ја посетиле оваа природна убавина која се наоѓа на планината Дешат и претставува најниското глацијално езеро на Балканот.

    За тие што не знаат, планината Дешат се наоѓа над селото Требиште во западниот дел на Македонија.

    Вкупно вакви езера на оваа планина има пет, меѓутоа ние го одбравме токму Локув, кое според кажувањата на тамошните жители е најубавото.

    Нашата авантура почна уште во селото Требиште каде што жителите најсрдечно нè пречекаа и нè почестија со кафе во едно од локалните кафулиња. Кога им ја кажавме нашата намера, за кратко време ни обезбедија водич со неколку коњи кои требаше да нè однесат до нашата дестинација - езерото Локув.

    Тргнавме за кратко, коњите и без водичот знаеја каде треба да се упатат бидејќи понекогаш има луѓе-авантуристи како нас што го посетуваат езерото Локув и, се разбира, најчесто тоа се странци.

    Но, да не должиме многу, ќе се обидеме во неколку реченици да ви го доловиме она што ние го видовме.

    Оставајќи го селото зад нас и глетката што ни се простираше пред нашите очи, навистина стекнавме впечаток како да сме во Швајцарија. Густа шума на сите страни, зеленило колку ви сака душа, а за воздухот да не зборуваме, имавме чувство дека во нашите гради има уште еден пар бели дробови.

    Јавајќи на коњите кон нашата дестинација, го прашавме водичот дали на планината има диви животни. Очекувајќи да каже дека можеби има по некое зајаче, коза или ситен дивеч, нè изненади со податокот дека во тој предел од планината голема е веројатноста да се видат мечки. Сепак водичот нè уверуваше дека тие не напаѓаат луѓе, а ние немавме некој избор освен да му веруваме.

    Одејќи нагоре кон езерото, повеќе од јасно ни беше дека природата во тој дел навистина дала многу. Шипинки, дренки, капини, по некоја дива јагода и што ли уште не.

    По еден час јавање по планината, од нигде-никаде пред нас се појави огромна ливада, а на еден дел од неа беше распослано езерото Локув. Глетка од милион долари.

    За да ви го доловиме целосно нашето уживање, фоторепортерот на Телеграф.мк со себе носеше и опрема за нуркање, па кратко по пристигнување, тој веќе беше внатре во езерото за да го овековечи низ фотографии.

    https://youtu.be/tiB-yo5ZjUk

    Но, да не раскажуваме многу, ќе се обидеме и низ фотографии да ви раскажеме каква убавина има во Македонија која и тоа како вреди да се посети.

    Уживајте:

    http://www.telegraf.mk/main-magazin/patuvanja/ns-newsarticle-javane-pesacene-nurkane-otkrijte-go-ezeroto-lokuv-stignuvaneto-dotamu-e-nezaboravna-avantura-videofoto.nspx

    Васко Спасоски/Телеграф.мк

    Извор: “Телеграф.мк“

    Views: 594 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024