Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » October » 30 » Русија гради огромен воен радар на Арктикот
    5:54 PM
    Русија гради огромен воен радар на Арктикот

    Русија гради огромен воен радар на Арктикот

    Русија гради широкоопсежен радар, способен да идентификува воздушни и морски цели оддалечени стотици километри, ќе почне да работи на архипелагот Нова Земја на рускиот Арктик во 2017 година.

    Широкоопсежен радар, способен да идентификува воздушни и морски цели оддалечени стотици километри, ќе почне да работи на архипелагот Нова Земја на рускиот Арктик во 2017 година, пренесува нашето матично издание „Росијскаја азета“ повикувајќи се на прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

     

    Во таа област ќе работат вкупно шест такви радари, наведуваат официјалните лица. Заменик-министерот за одбрана на Русија Дмитриј Булгаков, кој го посети градилиштето, изјави истовремено во близина ќе биде изградена писта способна да ги прими сите видови борбени летала.

    Таканаречениот радар „преку хоризонтот“ е вид радарски систем кој може да детектира цели на многу големи растојанија, оддалечени стотици и илјадници километри, надвор од видокругот на радарот, што е граница за обичните радари. Тој е имун на „невидливата“ (стелт) технологија и користи огромен антенски систем долг до пет километри и висок пет метри, за да  идентификува воздушни цели оддалечени 500 километри  морски цели оддалечени до 400 километри.

    Во текот на воена вежба во 2014 година радарот „Подсолнух“ (Сончоглед) детектираше четири бомбардери Сухој Су-24 во низок лет и ги префрли нивните координати до ракетен крстосувач, кој ги „собори“ сите четири „натрапници“. Постариот брат на „Подсолнух“ – широкоопсежниот радар „Волна“ (Бран) има домет од три илјади километри и во моментов работи во близина на пристанишниот град Нахотка на рускиот Далечен Исток.

    Извор: “Руска реч на македонски“

    Views: 251 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024