Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 6:20 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » November » 4 » Старата чаршија каква што не ја познавате
    5:52 PM
    Старата чаршија каква што не ја познавате

    Старата чаршија каква што не ја познавате

    Чаршијата на почетокот на 20-ти век  

    Дневен весник (Ед. бр. 24186)

    СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ 

     

    04.11.2017 13:00

     69


    Старата чаршија е симбол за потеклото и крвотокот на Скопје. И покрај тоа, не секогаш сме доволно запознаени со нејзината историја, нејзините промени низ вековите, начинот на функционирањето, нејзиното економско и културно значење. Фактите покажуваат дека во не толку далечното минато во чаршијата постоеле многу значајни и монументални објекти што денес, за жал, се исчезнати. Тие објекти адекватно биле вклопени во деловите што биле наменети за дуќаните, а служеле за разни потреби: службено-административни, за производство на стоки што биле продавани во чаршијата, биле големи магази или куќи на беговите и трговците. Во еден од тие објекти за време на Првата светска војна била формирана и болница. 

    Чаршијата, која со пазарот се оформила во 11 век, на десниот брег на реката Серава, веќе во 12 век дефинитивно го добила својот изглед, а нејзината функција сѐ повеќе се зацврстувала. Во 13 век, Скопје добило огромен објект за сместување и продажба на стоки, кој бил еден од најмонументалните такви трговски центри на балканските простори. Со доаѓањето на Османлиите на крајот на 14 век (1391/2), чаршијата добива ориентални белези, кои главно се зачувани до денес. Оттогаш го носи името „чаршија“, што во буквален превод значи „простор каде што се вкрстуваат или се сечат две улици“. Особен подем таа доживува во 16 век и во времето на Сулејман Величествениот, за по палењето на градот од страна на Пиколомини (1689) да доживее криза еден подолг период. Започнува да закрепнува во 19 век, кога економски зајакнуваат скопските трговци-чорбаџии и просветно-црковната дејност. Постепената индустријализација и новиот начин на производство полека започнуваат да ја маргинализираат чаршијата, за таа, особено во втората половина на 20 век, да доживее криза, која се чувствува и денес.

    Постојат многу специфични белези од економскиот и културниот живот на Старата чаршија што не се познати или се заборавени, под налетот на времето и промените. Производи од чаршијата, со карвани, биле извезувани по целиот свет. Карваните со оружје стигнувале дури до Египет и до Индија. И денес во чаршијата постои Пушкарска улица, во некогашната пушкарска чаршија (која се простирала од Чифте-амамот кон Куршумли-ан). Најголеми производители на оружје во 19 и почетокот на 20 век се сметале Призрен и Скопје. Валијата Хавиз-паша, во 1896 година ја покрил реката Серава од Бит-пазар (од Исхак-бег џамијата до реката Вардар), со што чаршијата добила нови можности и простори за занаетите. Постои интересен податок дека Старата чаршија била поделена на десет мали плоштади, околу кои биле сконцентрирани занаетите. Еден од најмоќните бил папуџискиот занает лоциран околу „Капан-ан“. Кожата произведувана во чаршијата, наречена жолт сахтијан, била барана насекаде во светот поради својот квалитет. Во реката Вардар постоеле специјални корита за плакнења на кожата. Освен овие занаети, на глас биле кафтанџиите, ќурчиите, кондураџиите (се спомнува и производство на кондуриња), потоа на свила, на разни видови платна, перници и јоргани, работеле мајстори сарачи, казанџии, чибукчии, шапкари, крзнари, лимари, касапи. Веќе е подзаборавено дека во Касапската чаршија (се наоѓала во близината на пазарот) се продавала пастрма на отворено, пред дуќаните. Пастрма се продаваше дури и во 1950-тите години на пазарните тезги и таа беше многу барана. Повеќемина од постарите скопјани ми имаат раскажувано за еден куриозитетен и малку познат податок: на посебен простор во чаршијата постоел и сточен пазар. 

    Иса-бег, во 15 век, формирал една од најголемите библиотеки на балканските простори. Во неа имало дела од филозофијата, реториката, книжевноста, медицината. Таа библиотека изгорела во пожарот подметнат од Пиколомини, но зачувани се дела што и денес сведочат за тоа време. Во чаршијата, библиотеката на Иса-бег (непосредно до „Сули-ан“), работела во периодот меѓу двете светски војни, а во еден краток интервал работеше во деведесеттите години на минатиот век. 

    Младите генерации денес постепено се враќаат во чаршијата, но нејзиниот најславен период беше во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, кога имаше дневна и ноќна шема, кога се излегуваше во „Рандеву“, „Багдад кафе“ (во Безистенот), „Мондријан“, „Галерија 7“, „Кафе 21“. 

    Сепак, до крајот на педесеттите години на 20 век, вистинската врева во чаршијата сѐ уште ја правеа занаетите и мајсторите. А тоа е токму онаа врева што може да ѝ ги врати животот и заборавениот сјај. Во чаршијата неуморно се работело, но се знаело за шега и мајтап. Се знаело да се седне во кафеана на чорба, на мезе или пијалак. Или пред дуќанот, да се засвири и запее со некој инструмент во рака, како што тоа го покажуваат некои од автентичните стари фотографии.

    Следната сабота: Легендата за семејството Димишковски

     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 280 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025