Средновековен македонски кирилски ракопис се чува во Русија
Македонски кирилски ракопис од средниот век, богатство на Македонците од Албанија, се чува во Русија.
- Орбелскиот или Ербелскиот триод претставува средномакедонски кирилски ракопис кој потекнува од втората половина на 13-от век век и има 241+4 пергаментни листови. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот - вели Никола Ѓурѓај, уредник на весникот „Илинден“, еднствен македонски весник во Албанија.
Во ракописот се спомнуваат и имињата на Светите браќа Кирил и Методиј, како и имињата на преподобните пустиножители Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчински.
...
Read more »