Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 12:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » November » 19 » Сеништа од минатото: Напуштениот град кој „држеше на око” половина Америка
    1:51 AM
    Сеништа од минатото: Напуштениот град кој „држеше на око” половина Америка

    Сеништа од минатото: Напуштениот град кој „држеше на око” половина Америка

    БОРИС ЕГОРОВ

    Сергеј Долја

    Гудим е еден од тајните советски градови напуштени по распадот на Советскиот Сојуз. Некогаш служел за складирање на нуклеарно оружје, а денес е само сенишна точка на картата. Повремено го посетуваат љубители на историјата и љубопитни патници.

     

    zhzhitel.livejournal.com

    Градот Гудим беше тајна советска воена база. Познат е и под називите Анадир-1 или Магадан-11. Се наоѓа на Чукотскиот полуостров на рускиот Далечен исток. Денес во него се останати само напуштените згради.

    Сергеј Долја

    Во овој град со години беа стационирани ракетите РСД-10 „Пионер“, подготвени за примена во секој момент. Овие балистички ракети со среден дострел имаа нуклеарни боеви глави и можеа да стигнат до Алјаска, Вашингтон, Калифорнија и некои делови на Јужна Дакота. Меѓутоа, нивната главна цел беше Китсап – воено-поморската база во близина на Сиетл, третата по големина во Америка.

    Сергеј Долја

    Ракетите не се чувани во лансирни контејнери, туку во самоодни транспортери МАЗ-547. Ги штитеше тенковски баталјон, како и единици за АБХ-одбрана и воздухопловен полк сместен на блискиот аеродром.

    zhzhitel.livejournal.com

    Според легендата, градот е основан откако советскиот претседател Никита Хрушчов ѝ се закани на Америка со познатите зборови: „Ние имаме ракети дури и на Чукотка!” Војската во 1958 година ја основа базата која сѐ до затворањето 1961 година носеше ознака „опасна зона”.

    zhzhitel.livejournal.com

    Официјалното име на градот беше Анадир-1, но луѓето го нарекуваа Гудим – така се презиваше полковникот задолжен за изградбата на ова место. Кога изградбата е завршена, полковникот од непознати  причини изврши самоубиство.

    zhzhitel.livejournal.com

    Војниците кои со семејствата живееја во неповолните услови на Камчатка добиваа добра плата, а трговските центри во Гудим беа добро опремени со роба дури и за време на кризата.

    Сергеј Долја

    Објектите распоредени низ целиот округ го штитеа тајниот град од диверзанти и евентуално непријателско истоварување.

    zhzhitel.livejournal.com

    Базата е затворена 1987 година. Тогаш е донесена Спогодбата за ликвидација на ракетите со среден и мал дострел, која подразбираше уништување на нуклеарното оружје.

    zhzhitel.livejournal.com

    Војската целосно го напушти градот во 2002 година. Преостанатите жители се преселени во градовите Саратов и Енгелс во западна Русија.

    zhzhitel.livejournal.com

    До овој града не може да се стигне со јавен превоз, туку само со автомобил или со такси (за сто долари) од населбата Уголние Копи во близина на аеродромот „Анадир”. Во секој случај, по нерамниот терен можат да поминат само џипови.

    Извор: “Russia Beyond Македонија“

    Views: 207 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024