Main » 2017»November»19 » Дејвид Боуви: мистериозниот патник на најдолгиот железнички пат
1:55 AM
Дејвид Боуви: мистериозниот патник на најдолгиот железнички пат
Дејвид Боуви: мистериозниот патник на најдолгиот железнички пат
ВАСИЛИЈ АВЧЕНКО
Транссибирската магистрала кој ги поврзува Москва и Владивосток е најдолгата железничка траса на светот. Долга е над девет илјади километри. Со Транссибирската магистрала, која скратено се нарекува „Транссиб“, се поврзани многу приказни, филмови и легенди. Една од нив зборува за тоа како во 1973 година Дејвид Боуви пристигнал во Советскиот Сојуз у пропатувал низ Русија преку Транссибирската железница од Владивосток до Москва.
Приказните за Боуви одамна кружат низ Владивосток, но до неодамна звучеа премногу неверојатно за да се сметаат за вистинити. Имено, военото морско пристаниште Владивосток до 1992 година беше затворено за странци. „Тоа е стара легенда. Може да се слушне дека Боуви заедно со Иги Поп свирел на улиците на Владивосток, па дури и дека илегално ја преминувал советско-кинеската граница“, објаснува историчарот Сергеј Корнилов, редовен член на географското друштво, и додава: „Долго се веруваше дека тоа е само приказна, како и митот за тоа дека споменикот на централниот плоштад на Владивосток е посветен на објавувањето на првиот албум на групата ‘Пинк Флојд’ под наслов ‘The Piper by the gates of dawn’“. (Споменикот прикажува партизан со труба во раката)
Но, потоа новинарот Руслан Вакулик од Владивосток пронајде докази за оваа легенда – објавено сведоштво на новинарот Роберт Мусел од новинската агенција „United Press International“ (UPI), кој го следел Боуви на патувањето ни СССР, како и писмата на самиот пејач што тој ѝ ги испраќал на својата менаџерка за односи со јавност Чери Ванила. Од овие документи е јасно дека музичарот пролетта 1973 година навистина пропатувал со воз низ цела Русија. Постојат и фотографии од Дејвид Боуви на Црвениот плоштад во Москва, за кои долго време се сметаше дека се фотомонтажа. Односите помеѓу СССР и САД во 1973 година малку „се затоплија“. Претходната 1972 година во Владивосток беше одржана познатата средба помеѓу советскиот претседател Леонид Брежњев и неговиот американски колега Џералд Форд. Можеби тогаш и односот кон странците кои сакале да го посетат СССР станал нешто полиберален. Боуви имал турнеја во Јапонија, по што во Јокохома се качил на бродот „Феликс Ѕержински“ (кој го добил името по основачот на советската разузнавачка служба). На бродот Боуви одржал мал акустичен концерт за патниците и набргу стасал до пристаништето Нахотка недалеку од Владивосток. Нахотка никогаш немала статус на „затворен град“, па затоа во регионот таа вршела дел од функциите типични за главните градови. Имено, меѓународните манифестации најчесто биле одржувани токму во Нахотка. Овој град го има посетено и прочуениот норвешки истражувач и светски патник Тур Хејердал, како и други познати личности од странство.
„
Сибир ми остави неверојатен впечаток. Со денови патувавме низ величествени шуми, покрај реки и преку широки рамнини. Не ни претпоставував дека на светов сè уште постојат такви пространства со недопрена природа.
Дејвид Боуви
Се зборува дека Боуви страдал од Аерофобија, што може да го објасни неговиот избор на брод, а потоа железница, како превозно средство. Точно е дека не се знае каде точно Боуви се качил на возот Владивосток – Москва. Градот Нахотка не се наоѓа на оваа траса, така што музичарот најпрво морал да отпатува или во Владивосток или до некоја друга станица. „Мислам дека Боуви престојувал на територијата на Владивосток, зашто во возот се качил или на железничката станица во Владивосток или на приградската станица Угољна“, претпоставува Сергеј Корнилов. „Се зборува дека на себе имал сребреникав мантил и црвени панталони, и дека косата му била бојадисана во некоја дречлива боја...“ Пејачот се издвојувал од другите советски граѓани од пристанишниот град, кои главно биле конзервативно облечени. Но, не се пронајдени официјални документи кои би потврдиле дека Боуви престојувал во Владивосток. Некои од локалните жители до денешен ден сметаат дека станува збор за мистификација.
Цитат од писмо на Боуви: Сибир ми остави неверојатен впечаток. Со денови патувавме низ величествени шуми, покрај реки и преку широки рамнини. Не ни претпоставував дека на светов сè уште постојат такви пространства со недопрена природа.“ Од белешките на Мусел: „Забележавме дека во Сибир живеат мошне пријателски расположени жители и дека како што се приближувавме кон Москва луѓето стануваат сè постушени“.
Освен Боуви, преку Транссибирската железница имаат патувано и многу други познати личности. Во различни епохи железничката станица во Владивосток, таканаречената „источна порта на Транссибир“, ја имаат посетено предводникот на белогардејците адмиралот Колчак, како и лидерите на Виетнам и на Северна Кореја, Хо Ши Мин и Ким Џонг Ил. Постојат сведоштва за тоа дека во 1917 година во ресторанот на железничката станица во Владивосток ручал писателот Сомерсет Мом, кој дошол во Русија како британски шпион. А, во 1994 година, еден друг писател, Александар Солженицин, кој по 20 години поминати во емиграција во САД, се врати во Русија преку оваа траса од Владивосток за Москва.
Од Владивосток до руската престолнина со воз се патува речиси една недела, при што се минува низ седум временски зони. Првите неколку дена возот ретко наидува на поголеми градови. Дури западно од Урал започнуваат нешто погусто населени краеви. Туристите од Москва до Владивосток како превозно средство често го избираат возот, за одблизу да ги доживеат пределите низ кои патуваат, наместо да ги гледаат ни прозорецот од авионот. Сепак, во Москва обично се враќаат со Авион, сметајќи дека една недела помината во руски воз е сосема доволно за да ја доживеат својата желба за живописни доживувања.