Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 1:29 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » November » 24 » ХОСЕИН КАРИМИ, АМБАСАДОР НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН Се обновуваат врските помеѓу иранските и македонските компании
    2:46 AM
    ХОСЕИН КАРИМИ, АМБАСАДОР НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН Се обновуваат врските помеѓу иранските и македонските компании

    ХОСЕИН КАРИМИ, АМБАСАДОР НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН

    Се обновуваат врските помеѓу иранските и македонските компании

    Дејан Србиновски

    dejan.s@novamakedonija.com.mk

    Добрата вест е што Иран во последните години бележи зголемен економски пораст, кој, пак, може да биде искористен за формирање добри економски врски со сите држави, вели Карими


    Иранскиот поглед на регионалните и светски случувања и на билатералната соработка со Македонија се главните теми за кои разговаравме со Хосеин Карими, амбасадор на Исламската Република Иран во Македонија. Дипломатот од Техеран, пред да ја преземе мисијата во Скопје, бил директор на одделот за европски институции при МФА.

    Како го оценувате развојот на билатералните односи помеѓу Македонија и Иран и каков е бизнис-потенцијалот на економиите на двете земји? 
    - Односите помеѓу Исламска Република Иран и Република Македонија во последните години се движат во нагорна линија. Иран беше меѓу првите земји што по прогласувањето на независноста ја признаа Македонија и воспостави дипломатски односи со неа. Потоа двете земји потпишаа официјални документи и договори и со тоа се воспостави и се прошири економската соработка. Немањето политички несогласувања и големата културна сродност беа и се дополнителен импулс во овој процес. Ние сме решени да ги унапредиме односите со Република Македонија во сите сфери, особено во економската сфера. Иранските бизнисмени се многу заинтересирани за соработка со македонските колеги. Добриот економски пораст на Иран во последните години го зголеми потенцијалот за економска и за трговска соработка помеѓу двете земји. Ние планираме со конкретни планови и идеи да го зацврстиме и унапредиме овој дел од односите помеѓу нашите земји. 

    По изненадувачката објава на либанскиот премиер Саад ал Харири од Ријад дека се повлекува од функцијата, притоа обвинувајќи го Иран дека сее „страв и уништување“ во регионот, повеќе аналитичари предупредија дека е на повидок судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија. Колку се реални таквите прогнози?
    - Последнава година Либан живееше во мир и стабилност и имаше добри достигнувања на економски и на воен план. Затоа оставката на Харири беше неочекувана и тоа што оставката се објави за време на неговото патување во Ријад, во една друга земја и преку медиумите, иницира сомнежи за вмешаност на Саудиска Арабија. Моментално либанските власти, политичките партии и граѓаните на Либан веруваат дека г. Харири бил повикан во Ријад, затворен и натеран да поднесе оставка. Овие прашања и сомнежи се важни и треба да добијат одговор. Изгледа дека целта била мешање во внатрешните работи на Либан, провоцирање на политичките движења, вовлекување други во политичката сцена и на крајот создавање криза и конфликт, пристап што е многу опасен, особено поради тоа што властите во Ријад се заканија со војна против Либан. Либан не треба да се вовлече во криза и во војна - либанското општество и либанскиот народ по многу години конфликт и војна, нема да можат да издржат нова војна. Ние сме против каков било конфликт и војна во Либан и вложуваме максимални напори да се спречи такво нешто. Нашата политика е почитување на националниот суверенитет и независноста на Либан. Се надеваме дека со враќањето на г. Харири во Либан, работите ќе се движат во насока на решавање на проблемот. Неговото враќање не смее да служи како почеток на нова фаза на тензиите.

    Саудиска Арабија неодамна објави дека пресретнала балистичка ракета истрелана од Јемен кон главниот аеродром во Ријад и го обвини Иран дека извршил воен напад, заканувајќи се со одмазда. Ријад тврди дека ракетата е истрелана од Хутите во Јемен и дека тие се поддржани од Иран. Како ги коментирате таквите обвинувања?
    - Тоа се празни и неосновани обвинувања што имаа цел дефокусирање на јавноста. Веќе две години коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ги бомбардираат сите места во Јемен. Инфраструктурата во целост е уништена и повеќе од 10 илјади луѓе, повеќето цивили, се убиени. Дваесет и еден милион Јеменци живеат во катастрофални услови од кои над 7 милиони се соочуваат со целосен глад, при што и ОН предупредија за опасноста на една невидена хуманитарна катастрофа. Во услови кога сите можни патишта за влез во Јемен се блокирани, дури нема можност ниту за испраќање храна и лекови, обвинувањата за испраќање оружје и ракети се толку неосновани што не заслужуваат ни внимание. Меѓународната заедница треба сериозно да ја сфати хуманитарната катастрофа во Јемен за да може да спаси милиони луѓе од умирање. Сите напори треба да се насочуваат кон зацврстување на притисокот врз коалициските сили за запирање на војната и почнување на политичкиот дијалог помеѓу политичките партии и движења за формирање проширена влада за национално помирување.

    Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарната програма на Иран ако нема нови преговори или измени на спогодбата. Од друга страна, Министерство за надворешни работи на Иран соопшти дека нема да има нови преговори или измени на договорот. Може ли да дојде до повлекување на спогодбата и ќе продолжи ли Иран да ја развива својата нуклеарна програма?
    - Нуклеарниот договор не е еден билатерален договор што Америка може сама да го укине. Во овој процес се инволвирани многу страни, кои по неколкугодишни интензивни и сериозни преговори стигнаа до овој важен документ што е потврден и од страна на Советот за безбедност на ОН. Затоа, оспорувањето на спогодбата по кратко време од политички и од правен аспект ќе резултира со губење на кредибилитетот и со недоверба. Ако гледаме дека Северна Кореја моментално не е подготвена за нуклеарни преговори, главната причина е некредибилноста на Америка. Ние сме подготвени за каква било ситуација, но се надеваме дека работите ќе се движат во насока на зачувување или одржување на спогодбата. За среќа, Европа има силна волја и силен поттик за одржување и зачувување на нуклеарниот договор и има вложено големи напори во оваа насока. Некои струи внатре во Америка исто така инсистираат на почитување и одржување на спогодбата. И Исламската Република Иран продолжува со своите напори во оваа насока. Ние максимално ќе се воздржиме. Ние не сме во потрага по тензии и сакаме позитивно да ги прошириме нашите односи со светот. Се надеваме во идните движења да победи разумот. 

    Катар веќе неколку месеци е под блокада по обвинувањата од група земји, предводени од Саудиска Арабија, дека спонзорира тероризам во регионот. Но едно од толкувањата зошто земјата е цел на санкции е бидејќи сака да соработува со Иран, на што остро се противи Саудиска Арабија. Колку се точни ваквите тврдења?
    - Ситуацијата во Катар е најдобар показател на незрелите и авантуристички политики што ги следат некои од земјите од Персискиот Залив. Притисокот со кој се соочува Катар е само поради тоа што оваа земја во некои делови следи поразлична политика, и се прават напори Катар во целост да стане истомисленик и да ја следи Саудиска Арабија. Ваквиот пристап не само што е директно мешање во внатрешните работи на Катар, туку нè потсетува на напорите за политичка доминација во 18 и 19 век. Земјите треба да бидат слободни и врз основа на своите национални интереси да ги креираат своите политики. За жал, се појавува чувството дека погледот на Саудиска Арабија кон политичките и меѓународни случувања е погрешен. Ваквиот погрешен пристап во минатото резултира со појавување на Садам Хусеин, Талибанците, Ал каеда и ДАЕШ (ИСИС) и сега со кризи во Катар, Јемен и во Либан.

    Терористичката група т.н. Исламска држава, полека но сигурно ги губи освоените територии додека силите на сирискиот претседател Башар ал Асад бележат триумфи на боиштата. Различни регионални и светски сили поддржуваат различни групи на теренот. Како новата ситуација ќе се одрази врз рамнотежата на силите во регионот?
    - За жал, осумгодишната војна во Сирија резултира со распаѓање на државата и убивање илјадници луѓе. Од почетокот на кризата, некои од западните земји имаа погрешна процена и ситуацијата во Сирија ја гледаа исто со ситуацијата во Тунис, Египет и во Либија за време на арапските револуции, и не обрнаа внимание на опасноста на терористичките групи. Ваквиот поглед од една страна беше причина за одолжување на војната и зголемување на бројот на жртвите и штетите, и од друга страна на терористичките групи им даде време и можност да се развиваат. Со промената на пристапот и погледот се усогласија и условите за почнување на дијалогот и запирање на војната и конфликтот, а Исламската Република Иран со активното присуство во Женевскиот и Астанскиот процес играше влијателна улога во враќањето на мирот во голем дел на територијата на Сирија. И во сегашните услови не треба рамнотежата на силите и споделувањето на власта да биде главната цел. Сите инволвирани страни треба да ги вложат сите напори да се достигне целосен прекин на огнот, за да може хуманитарната помош да стигне до населението што страдало од војната, да се почитуваат легитимните барања на сирискиот народ и преку почнување на сеопфатните преговори, иднината на Сирија да се реши на демократски начин.

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025