Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » November » 26 » Средновековен македонски кирилски ракопис се чува во Русија
    2:43 AM
    Средновековен македонски кирилски ракопис се чува во Русија

    Средновековен македонски кирилски ракопис се чува во Русија

    Македонски кирилски ракопис од средниот век, богатство на Македонците од Албанија, се чува во Русија.

    - Орбелскиот или Ербелскиот триод претставува средномакедонски кирилски ракопис кој потекнува од втората половина на 13-от век век и има 241+4 пергаментни листови. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот - вели Никола Ѓурѓај, уредник на весникот „Илинден“, еднствен македонски весник во Албанија.

    Во ракописот се спомнуваат и имињата на Светите браќа Кирил и Методиј, како и имињата на преподобните пустиножители Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчински.

    - Името го носи според селото Орбеле(Ербеле), Маќелара денес во Албанија, каде што е пронајден. Селото порано преставувало голем црковен центар. Триодот потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот покажува жанровско единство со химнографските делови во минеите и во октоисите - додава Ѓурѓај, нагласувајќи дека оваа информација ја добиле од нивните руски пријатели.

    Средномакедонскиот кирилски ракопис се чува во Националната библиотека во Сант Петербург, Русија. 

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 201 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024