Рисчето Деки порасна во рис што господари со Маврово
Македонското еколошко друштво (МЕД) во соопштение до јавноста со гордост објавува дека годинава рисот Деки ќе наполни 6 години. МЕД веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година.
„На првата фотографија осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад својата мајка во Националниот парк Маврово. Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на ГПС-ремче околу вратот. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална те
...
Read more »