За прв пат во Македонија ќе биде изведено дело на влијателниот современ композитор Џон Адамс! Неговото „City Noir“ ќе прозвучи на концертот „Црн бран“, заедно со Концертот за пијано во c-moll од Моцарт со врвниот руски и светски солист Евгениј Корољов, како и „Молитвами...“ од Гоце Коларовски, со кое ќе се одбележат десет години од смртта на македонскиот истакнат композитор. Не пропуштајте! 10 март, Дом на АРМ, 20 часот.