Вчера се сораспнав со Христос, денес се сопрославувам со Него. Вчера се соумртвив со Христос, денес сооживувам со Него. Вчера се сопогребав со Христос, денес совоскреснувам со Него. Затоа, да Му принесеме плодови на Оној што за нас пострада и воскресна (види: Рим. 7, 4; Кол., 1, 6; 10).