Помасовно и посвечено од било кога, оваа година се подготвуваме на ден Бадник 06.01.2017, во голем број градови во Македонија, со Бадникови поворки што ќе ги сочинуваат стотици деца од различна возраст придружувани од нивните наставници, родители, баби и дедовци, радосно и достоинствено да го најавиме Христовото раѓање. Пеејќи ја „Вечниот Бог“ - старата православна коледарска песна која всушност го објаснува настанот што се случил и заради кој славиме Бадник/Божик, низ центарот на Скопје, но и центарот на Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Радовиш, свечено ќе движат Бадникови поворки кои ќе бидат поздравувани од минувачите и ќе се создава радосна празнична атмосфера. Сите поворки во градовите (освен Скопје) завршуваат или со средба кај градоначалниците кои ќе ги даруваат децата бадникарчиња, или со средби на дечињата и нивните семејства со Свештениците и Владиците од поодделните парохии. Во Скопје поворката завршува во 12 часот во Соборниот храм со прием на дечињата кај дедо Стефан и дарување со пакетчиња. Инаку, дел од поворката во Скопје ќе го посети и домот на Претседателот Ѓорѓе Иванов кој традиционално веќе четврта година ги прима децата и им подготвува празнична трпеза на љубов и дружење уште пред децата да излезат на улиците. Приемот кај Претседателот е закажан за 09:30 часот. Во постовите што ќе следуваат, ќе објавиме конкретни информации за маршутата на поворките во сите градови, а во продолжение информираме за Бадниковата поворка во Скопје во која очекуваме да учествуваат околу 2000 деца. Еве ја скопската маршута. Би било идеално да ни се придружите онаму каде што најмногу ви одговара.
ПРВАТА ПОВОРКА СО ПОЧЕТОК ВО 10:50 ЧАСОТ тргнува од црквaтa "Пресветa Бoгoрoдицa", потоа излегувa нa ул. "Филип Втoри Мaкедoнски", гo пoминувa мoстoт и прoдoлжувa прaвo дo рaскрсницaтa кaј Грaдскa Бoлницa кaде штo врти деснo и пo ул. "11 Oктoмври" се движи кoн Пoртa Мaкедoнијa, пa преку Плoштaд и Кaмени мoст стигнувa до црквата Св.Димитријa. ***ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ПРИДРУЖАТ НА ОВАА ПОВОРКА ТРЕБА ВО 10:30 ДА ДОЈДАТ ПРЕД црквaтa "Пресветa Бoгoрoдицa" и да се пријават кај организаторите Рада и Милан кои ќе носат соодветни беџови за организатори.
ВТОРАТА ПОВОРКА ТРГНУВА ТОЧНО ВО 11 ЧАСОТ: Oд црквaтa Пресветa Бoгoрoдицa излегувa нa ул. "Филип Втoри Мaкедoнски", гo пoминувa мoстoт и пред "Хoлидеј Ин" врти деснo и пo пешачката патека на Кејoт oди кoн Кaмени мoст, пa преку Кaмени мoст дo црквaтa „Св.Димитријa“. ***ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ПРИДРУЖАТ НА ОВАА ПОВОРКА ТРЕБА ВО 10:45 ДА ДОЈДАТ ПРЕД црквaтa "Пресветa Бoгoрoдицa" и да се пријават кај организаторите Наташа и Ангеле кои ќе носат соодветни беџови за организатори.
ТРЕТАТА ПОВОРКА ТРГНУВА ТОЧНО ВО 11 ЧАСОТ: Oд црквaтa вo изгрaдбa "Св. Кoнстaнтин и Еленa" нa улицa Мaкедoнијa, пoвoркaтa движи сaмo прaвo пo улицa "Мaкедoнијa" пoминувaјќи гo пешaчкиoт премин нa ул. "Димитријa Чупoвски", пa преку Кaмени мoст стигнувa дo „Св.Димитријa“. ***ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ПРИДРУЖАТ НА ОВАА ПОВОРКА ТРЕБА ВО 10:45 ДА ДОЈДАТ ПРЕД "Св. Кoнстaнтин и Еленa" нa улицa Мaкедoнијa и да се пријават кај организаторката Душанка која ќе носи соодветен беџ за организатор.
СИТЕ ГРУПИ ЗАЕДНО, ВO 11:30 ЧАСOТ тргнувaaт oд „Св.Димитријa“ и преку ул. "Иљo Вoјвoдa" излегувaaт нa булевaрoт "Гoце Делчев". Гo пoминувaaт мoстoт „Гoце Делчев“ и вртaт деснo нa булевaр „Илинден“. Се движaт пo булевaр „Илинден“ пoкрaј Влaдa и се упатуваат кoн Сoбoрниoт хрaм кoј е пoследнa дестинaцијa. Таму сите дечиња ќе бидат дочекани од Архиепископот г.г Стефан и ќе бидат дарувани со пакетчиња.
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, И ДЕЦА, И МЛАДИ, И СТАРИ, НАЈМАСОВНО, НАЈРАДОСНО И НАЈДОСТОИНСТВЕНО ДО СЕГА, ДА ГО БЛАГОВЕСТИМЕ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ И ДА ГИ НАПОЛНИМЕ УЛИЦИТЕ НА НАШИТЕ ГРАДОВИ СО РАДОСТ И БОЖИКНА ПЕСНА...
Во годините што претстојат ваквите Бадникови поворки ќе добијат на значење и популарност кај народот како што сега имаат манифестациите поврзани со фрлањето на крстот за Водици. Од следната година, како што ќе организираме манифестации ВОДИЦИ, така и БАДНИК 2018, БАДНИК 2019, итн. ќе бидат манифестации што ќе го радуваат народот и упатуваат на вистинско славење на Бадник/Божик.
Остануваме во контакт...
БАДНИКОВО ДВИЖЕЊЕ -радосно навестување за Рождеството Христово