На денешен ден пред точно 14 години, на 22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година.
Во оваа заседа загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ (†31), а тројца беа ранети. Наредниот ден, одговорноста за нападот ја преземаа терористите од УЧК. „Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ“, велеа тогаш терористите, кои нели се бореа за човечки права.
Жално и срамно е што никој медиум не објави ништо денес за ова. Но вие драги членови не го оставате да го брише заборавот со вашето ширење.