По повод професионалниот празник на рускиот дипломатски работник „Ден на руската дипломатија“, денеска во Градски парк во Битола се одржа свечена цермонија. Пред споменикот „Руски крст“ свежо цвеќе положија Вонредниот и Ополномоштен амбасадор на Русија во Македонија Н.Е. г-дин Олег Шчербак, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола г-дин Сергеј Самсоненко, претставници од дипломатскиот кор во Македонија, како и граѓани-почитувачи на работата на рускиот дипломатски работник