Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Photo Albums | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My photos [1553]
Фотографии [146]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Photo album » My photos »
    Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Р. Македонија не се согласува и најостро ја осудува одлуката на МНР за протерување на еден руски дипломат од Македонија, поради случајот Скрипал.

    Сметаме дека е непромислен и неоправдан чекор, воопшто непотребен и непријателски чин кој ќе нанесе голема штета на добрите односи со Руската Федерација и ништо не може да го оправда ваквото однесување на нашето Министерство за надворешни работи.

    Добрите односи со Русија, сметаме дека треба да се негуваат и да се одвојат од случувањата во други држави. Заземањето страна и „солидаризирање“ со Велика Британија е сосема непотребно и погрешно.

    Одлуката на МНР е донесена на ден кога Русија загуби 64 луѓе во страшен пожар во трговски центар во сибирскиот град Кемерово, од кои повеќето се деца. И наместо да упатат сочуство кон нашите долгогодишни пријатели, вниманието се насочува на друга страна. Сите треба да се солидаризираат со Велика Британија, кој се уште нема докази туку само тврди дека Русија е одговорна, оти немало кој друг да е одговорен. А со Русија никој не треба да се солидаризира во вакви тажни моменти. Руските жртви како да не се жртви.

    Ние ќе продолжиме да ја негуваме соработката со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, која трае повеќе од 15 години и работиме на тоа истата да биде уште подобра. Ние сме братски народи и не смееме да дозволиме вакви постапки да нанесат штета на взаемната соработка.

    Русија е една од првите држави кои ја признаа Македонија под уставното име Република Македонија.

    Се надеваме дека МНР ќе најде сили да ја промени својата одлука и ќе покаже дека има свои ставови и позиции, кои, и да се разликуваат од оние на ЕУ и НАТО, треба да се почитуваат.

    д-р Јордан Ѓорчев
    Претседател на Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Р. Македонија

    Посольство России в Македонии/Амбасада на Русија во Македонија
    Views: 178 | Dimensions: 1366x854px/54.0Kb
    Date: 2018-03-28 | Added by: Вељанко
    View photo in real size
    Rating: 0.0/0


    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024