Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-17, 4:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Photo Albums | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My photos [1553]
Фотографии [146]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Photo album » My photos » Петре М. Андреевски
    Петре М. Андреевски
    ручек
    (пофалба на животот)

    Си седеа на постела
    од легната летна трева,
    ко нов ред и реченица
    во составот на полето.

    И јадеа леб и кромид
    пред светлото без петица,
    дур сонцето ги чекаше
    да завршат со храната.

    И, јадејќи, со очите
    постојано се смееја,
    а полето им ѕвонеше,
    ко одајче варосано.

    Блазеси му - тогаш реков -
    на воздухот што го дишат,
    блазеси му на видикот
    кај што видот им запира.

    Блазеси му и на лебот
    што им гледа кон устите,
    Блазеси и на водата
    што е в нивна употреба.

    Блазеси му и на денот
    што им зема денска мера,
    блазе си и и на ноќта
    што мерата му ја брише.

    Не знаеја кој излеа
    од светлото круна за нив,
    не знаеја што не знаат
    дури така се гледаа.

    Не знаеја за староста
    и за смртта не бе чуле,
    зашто сета вечност тука
    беше си ја подзапреле.

    Не знаеја кај се држи
    ни душата за телото,
    ни страните на светот како
    среќно им се среќаваа.
    Views: 405 | Dimensions: 330x313px/17.3Kb
    Date: 2013-08-17 | Added by: Вељанко
    Rating: 0.0/0


    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024