Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-10, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Photo Albums | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My photos [1553]
Фотографии [146]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Photo album » My photos » ЈОСИФ БРОДСКИ
    Јосиф Бродски

    СРЕТЕНИЕ

    Кога за првпат со детето влезе
    во црквата, стоеја внатре зад резе,
    сред оние што се тука постојано,
    Свети Симеон и пророчката Ана.

    И старецот младенчето со рака
    го позеде од Марија, па така
    сите тројца, тоа утро, како кревок рам
    стоеја околу детето во темниот храм.

    Ко шума глува тој храм нив ги покри.
    Од взорот човечки и небески го сокри
    под вршките густи, селани ко сот,
    во тоа утро Ана, Марија и старецот.

    Сал едно зраче случајно се сјаеше
    врз челото на детето, кое не знаеше
    за она што го чека и збиваше во сон,
    полегнато во рацете на Симеон.

    А имаше примено старецот знак
    дека нема да го види смртниот мрак,
    пред лично Синот Божји да го види.
    Се збидна. И старецот рече: “Биди

    Фален о, Боже. Си достоја на збор
    и денеска ме отпушти ко блажен створ,
    затоа што го видов ова дете, на крајот,
    продолжеток е тоа твој и извор на сјајот

    што го огрева сиот побожен сој.
    На Израил славата во него лежи“. - Молкна тој,
    и сите пак во глува штама беа.
    Сал ехото на тие зборови што допреа стреа

    вртеше некое време над нивните глави
    и шумеше како кругови да прави
    под сводот на храмот, ко птица да е света
    што умее да се крене, но не да слета.

    Се чудеа. Од зборовите, стаена,
    тишината почудна беше. Смаена,
    Марија молчеше. “Што зборови ќе беа...“
    И старецот рече свртен кон неа:

    “Во оној створ на раце што ти спие
    на едни падот, на други вознесот се крие,
    и предметот на спорот иден напнат.
    Со она оружје со кое ќе го распнат

    неговото тело, и тебе ќе те ранат
    Марија во душата. Таа рана
    во срцето на луѓето, длабоко,
    ќе ја откриеш како некое око.“

    Рече и тргна кон излезот. Под него
    Марија и Ана, сведнати под тегот
    на годините, гледаа со поглед нем под челото.
    Смалувајќи се во значењето и телото

    за двете жени втонати во сенчест свет,
    тој одеше, од взорот нивен подгонет,
    низ храмот пуст со празнина вечна
    кон вратата врежана во светлост млечна.

    И старски тврд му беше нему одот.
    Сал гласот на пророчката над подот
    кога одекна подзастана со нога:
    но него тие не го викаа, туку Бога

    беше почнала пророчката да го слави.
    Се доближи до вратата. Му стави
    прсти ветерот врз чело. Во ушите и видот
    му продре шумот на животот зад ѕидот

    на храмот. Тој одеше да умре благо,
    но не во шумот на улицата, кога го мина прагот,
    туку во царството глувонемо на смртта стапна.
    Тој врвеше низ просторот од празно напнат,

    слушајќи како гасне времето без звук.
    И ликот на детето со светол круг
    врз темето што чади душата на Симеон во небе
    по патот смртен ја носеше пред себе,

    ко нежна светилка сред црна мрака,
    во која никогаш пред тоа така
    не си ја осветлувал некој со лачи
    патеката што се шири и зрачи.
    Views: 288 | Dimensions: 214x327px/10.1Kb
    Date: 2013-08-20 | Added by: Вељанко
    Rating: 0.0/0


    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025