Тарапуза е роден на 29 декември 1933 година во Злетово, Пробиштипско. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во „Детска радост“, во книгоиздателството „Наша книга“ и во Македонското радио. Член е на ДПМ од 1966 година.
Позначајни дела на Тарапуза се:
Црвено растење (поезија, 1961) Во каменот ден (поезија, 1965) Грејни сонце (поезија за деца, 1966) Полно кајче желби (поезија за деца, 1967) Дамбара, думбара (поезија за деца, 1969) Цвет и злато (поезија за деца, 1970) Очиња поточиња (поезија, 1972) Деновирки (поезија за деца, 1975) Седум брода (поезија за деца, 1978) Облак се поти (поезија за деца, 1984) Под стреата на ѕвездите (поезија за деца, 1985) Со два ата по два пата (поезија за деца, 1987) Цветови од зборови (стихувана сликовница, 1988) Училиште за кловнови (1989) Поглед низ двоглед (поезија за деца, 1990) Мое твое-погоди што е (стихувани гатанки, 1991) Брзалки без врзалки (брзозборки, 1992) Златици-крилатици (поезија за деца, 1993) Ѕуница пауница (поезија за деца, 1993) Зборови по дворови (поезија за деца, 1993) Шарки-жарки (поезија за деца, 1995) Зеници ѕвезденици (поезија за деца, 1998) Цветулки со светулки (поезија за деца, 2000) Како признание на долгогодишното творештво, во номеври 2014 година, Тарапуза ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје