Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » March » 23 » УБАВА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
    4:52 AM
    УБАВА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

    УБАВА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

     

    Милан Ѓурчинов 

    На големата традиционална изложба на новите славистички книги на XV Меѓународен славистички конгрес што се одржа во Минск, меѓу изданијата што привлекоа најголемо внимание беше зборникот на белоруските слависти, кој го подготви угледниот славист и учен Михаил Булахов. 

    Во него, меѓу 22-та превода на „Словото“ (во проза) на сите словенски јазици, застапен е и единствениот препев во стихови на нашиот познат филолог и истражувач Тодор Димитровски. Бевме пријатно изненадени што не сме заборавени, бидејќи изданиево ја потврди дамнешната и непобитна вистина за самостојноста и изразните потенцијали на нашиот литературен јазик помеѓу другите словенски јазици. 

    Михаил Булахов не е доволно познато име во нашата научна средина. Требаше да се појави ова капитално дело за да се сфати дека станува збор за еден еминентен, ретко објективен и совесен учен, автор на голем број трудови признати во словенскиот и несловенскиот свет без кои не е можно проучувањето на средновековната литература на кој и да е од словенските народи. Да спомнеме само дека светско признание доби и неговиот „Енциклопедиски речник на ’Словото на походот Игорев’ во литературата, науката и уметноста“. 

    Поводот е доволно поттикнувачки да кажеме неколку збора за значењето на ова дело кое големиот руски учен академик Дмитриј Лихачов го нарече „генијална творба на старата руска литература, напишана со топло, нежно и силно чувство на љубов кон татковината, како и за нашиот прилог во зборникот. Веднаш да речеме: се работи за ретко, најмалку рутинско и маргинално остварување. Напротив. Уште во денес далечната 1957 година, препевот на Тодор Димитровски се појави во списанието „Млада литература“, а потоа тој беше објавен како посебно издание во 1960 во „Кочо Рацин“. 

    За овој препев позитивно се огласија Александар Спасов и Цветанка Органџиева, а тој наиде на убав прием и во руската, тогаш советска јавност. Неслучајно препорачувајќи го за печат, Блаже Конески не пропушти да истакне: „Тоа е еден сериозен и успешен труд не само поради верноста на оригиналот, ами и по квалитетот на неговата уметничка транспозиција“. Потоа се појавија и нови изданија, но нашиот препејувач продолжи да работи врз препевот на „Словото“, сметајќи го за свое „животно дело“. 

    Како што е познато, спевот за првпат беше обелоденет во 1187 година. Во 1987 се одбележуваше 800-годишнината од неговата појава, која имаше одглас во целиот свет. И кај нас, уредниците на весникот „Огледало“ направија се' тоа да се појави во едно репрезентативно издание кое веројатно авторот на сегашниот зборник го имал во раце. Во ова издание, „Словото“ содржи, покрај прекрасниот предговор на Лихачов „Златното слово на руската литература“, нови обемни коментари на околу 30 страници од препејувачот, како и краток негов поговор. На едно место Димитровски ќе рече дека се работи за негов 30-годишен труд, во што нималку не се сомневаме. Нашето присуство во книгата на крупниот учен и медијавелист М. Булахов е верна потврда на она што го вети Т. Димитровски, но и значајно признание на сета македонистика пред славистичката научна јавност, но и пошироко од тоа.

    Извор: “Утрински Весник“

    22 март 2014

     

    Views: 289 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024