КРЕАТИВНИ СКУЛПТУРИ ОД ОТПАД НА СКОПСКИТЕ ОСНОВЦИ
Кинотеката на Македонија повторно беше домаќин на традиционалната изложба на скулптури од отпад, која годинава се одржа под мотото „Творам, креирам, рециклирам“. Најразлични креативни скулптури изложуваа основци од повеќе училишта од градската територија.
Настанот повторно беше организиран од „Еуро екопак“ во соработка со Дескиот ликовен центар, кој, пак, е основан од Здружението на ликовни педагози – наставници и професори по предметот ликовна уметност. Здружението е наменето за изложби, натпревари, хепенинзи и ликовни колонии, а во него членуваат деца и млади од основните и средните училишта на возраст од 4 до 18 години. (Б.Ш.)
Извор: &
...
Read more »