ПРОМОВИРАНО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИТУРГИЈАТА“ НА БАДЕВ
Познатото дело на Атанас Бадев го приреди Веселинка Маџарова-Андова од Велес
Познатото дело „Златоустова литургија“ од Атанас Бадев, за првпат издадено во печатена форма во Македонија, беше завчера промовирано во храмот „Св. Пантелејмон“ во Велес. Го приреди Веселинка Маџарова-Андова, оперска певица од Велес, која работи како професор по музичко воспитување во основно училиште. Делото за првпат е објавено во 1898 година и од тогашното издание се останати два печатени примероци, кои се наоѓаат во странство, во Дрезден и во Софија. Подоцна хорскиот диригент Драган Шуплевски направил препис, но тој бил рачен. Маџарова-Андова половина година работела на издавањето на „Литургијата“, а како диригент на Црковниот младински хор од Велес, дошла во допир со некои негови делови
...
Read more »