Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:54 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » March » 26 » ПРОМОВИРАНО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИТУРГИЈАТА“ НА БАДЕВ
    1:11 AM
    ПРОМОВИРАНО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИТУРГИЈАТА“ НА БАДЕВ

    ПРОМОВИРАНО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИТУРГИЈАТА“ НА БАДЕВ


    Познатото дело на Атанас Бадев го приреди Веселинка Маџарова-Андова од Велес 

    Познатото дело „Златоустова литургија“ од Атанас Бадев, за првпат издадено во печатена форма во Македонија, беше завчера промовирано во храмот „Св. Пантелејмон“ во Велес. Го приреди Веселинка Маџарова-Андова, оперска певица од Велес, која работи како професор по музичко воспитување во основно училиште. Делото за првпат е објавено во 1898 година и од тогашното издание се останати два печатени примероци, кои се наоѓаат во странство, во Дрезден и во Софија. Подоцна хорскиот диригент Драган Шуплевски направил препис, но тој бил рачен. Маџарова-Андова половина година работела на издавањето на „Литургијата“, а како диригент на Црковниот младински хор од Велес, дошла во допир со некои негови делови кои биле во лоша состојба, така што се решила да го комплетира и отпечати. 

    „Ова што јас го изработив е минорно за мене, но е големо за земјата, за културата, за црквата. Работев според преписот на професорот Драган Шуплевски, кој заедно со диригентката на хорот ’Св. Злата Мегленска’, Летка Димовска-Боризова, работеле на бледи копии што ги позајмувале и наоѓале од Бугарија. Самиот Шуплевски поради тоа не разбирал што било напишано, па извршил хармонизација, додал свои авторски делови кои сметал дека биле потребни. Тој дури на црковнословенски текст по ноти запишувал што треба да пеат свештениците“ – рече Веселинка Маџарова- Андова која е и автор на три учебници по музичко воспитување за основците. 

    Првпат „Златоустовата литургија“ на Атанас Бадев била изведена во Македонија во 1988 година, на затворена свеченост во МАНУ, а две години подоцна и на отворањето на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

    Атанас Бадев (1860 – 1908) е бардот на црковното македонско пеење и музика. Тој е хорски и музички теоретичар, еден од првите професионално школувани македонски композитори. „Литургијата“ е пишувана под влијанието на руската духовна музика. 

    „Оригиналот на оваа литургија почна да бледнее и затоа трудот на Маџарова е од големо значење за македонската духовна музика. Така сега сите македонски хорови пред себе ќе имаат печатена книга од Атанас Бадев, по која ќе работат и пеат“ – рече на промоцијата владиката Агатангел, митрополит на Повардарската епархија на МПЦ–ОА, која е покровител на изданието, отпечатено во тираж од 500 примероци.

    На промоцијата настапи и Камерниот младински црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, под диригентство на Маџарова. (П.П.) 

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 372 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024