Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » March » 29 » ОД ШАРЕНА ЧЕШМА ЧЕСНИТЕ НЕВЕСТИ ЈАВАЛЕ НА КОЊ, А НЕЧЕСНИТЕ НА МАГАРЕ
    6:24 AM
    ОД ШАРЕНА ЧЕШМА ЧЕСНИТЕ НЕВЕСТИ ЈАВАЛЕ НА КОЊ, А НЕЧЕСНИТЕ НА МАГАРЕ

    ОД ШАРЕНА ЧЕШМА ЧЕСНИТЕ НЕВЕСТИ ЈАВАЛЕ НА КОЊ, А НЕЧЕСНИТЕ НА МАГАРЕ

     

    Пред водата да „влезе“ преку водоводната мрежа во секој дом во Прилеп, граѓаните жедта ја гаснеле, се капеле и готвеле манџи од водите на триесетина градски чешми. Речиси немало куќа без бунар за задоволување на хигиенските потреби. Локалните власти ја обновија најатрактивната чешма во центарот, викана Шарена чешма. А наместо бунар, во старата чаршија е направена чешма со споменик на Итар Пејо, на местото каде што Мариовците продавале волна кога доаѓале в град.

    Многу легенди се пренесуваат за чешмите што ја гаселе жедта со векови. Прилепчанецот Методија Велкоски, кој има 84 години, раскажува предание за чешмата Kрстот кај Паркот на револуцијата. 

    - Невестите по првата брачна ноќ се носеле на чешмата, в понеделник, по свадбата. Ако биле чесни, невестите биле качувани на коњ, следени од тајфа со чалгаџии со зурли и тапани, да разберат сите дека им дошла дома чиста невеста. Ако била нечесна ја враќале назад кај родителите, качена на магаре, завртена наопаку, заедно со ѓубрето што го метеле од дома. Сватовите велеле „џубре сте пратиле, џубре ви врајчаме“ - кажува Велкоски.

    Според него, чешмите биле поврзани со ќумци од изворите до местото. Тоа биле глинени цевки, а за одржување имало и чешмари.

    - Изворската вода се насочува низ ќумци до шепурките на чешмите, ѕидани од камен. Чорбаџиите имаа чешми во дворовите. Речиси зад секоја авлија имаше копан бунар, оти тешко беше да се носи вода со стомни и ѓумови, особено зиме. Kофата врзана со ортома ја пушташ да се наполни на седум-осум метри долу во бунарот. За да пропадне на дното, на рачката од кофата се ставаше желевце - кажува Велкоски.

    Младите биле ќефлии кога ќе ги прателе лете на вода, обуени во налани. Имало ред. Додека се чекало вода, паѓале ишарети меѓу момите и ергените.

    - Посебен ритуал беше кога чупињата ги праќаа на чешма да налеат вода студена. На девојките, ергените им намигнуваа, им дофрлаа, ги допираа по прамените. Никнуваа првите симпатии и муабети. Беше незаборавна авантура. Ако двајца имаа мерак на една мома, имаше и кавги, џенгови, меѓу момчињата од разни маала - се сеќава Методија. 

    Чешма имало и пред театарот.

    - Таму имаше таксим, резервоар, од каде се распоредуваше водата. Шаренило од слики имаше над Шарена чешма во близина на амамот. Низ куќите врвеше јаз од реката, а водата доаѓаше до воденицата Kарабдалица, каде што граѓаните мелеа жито. Воденицата не застануваше. Затоа и денес, за некој што многу зборува и „врти празни муабети“, се вели дека меле како Kарабдалица - кажува Велкоски. 

    Надвор од градот и денес жуборат десетици чешми. На постарите им се будат спомени за базенот на Панче во месноста Ѓумушица и за вировите во месноста Црвени Брегови. Се одело со магариња да се прават летни лудории во природните примитивни аквапаркови, на празници, додека не се нижело тутун.

    Љупчо Мургоски

    Извор: “Дневник“

    Views: 334 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024