Израелски пратеник ја искинал книгата на Новиот Завет пред камери
Пратеникот Михаил Бен-Ари од ултранационалистичката опозициона партија на Националниот сојуз, кој стана еден од пратениците на Кнесет, во понеделникот по пошта ги прими книгите на Стариот и Новиот Завет. Со книгите, испратени од библиското друштво во Израел, добил и писмо од режисерот Виктор Калишер во кое се говорело, дека ова издание “помага да се сфати“ Светото Писмо и ја покажува “тесната взаемна врска“ помеѓу Стариот Завет и Евангелието. “Се надеваме дека оваа книга ќе ви помогне и ќе ви го осветли патот“, напишал г-н Калишер. Нарекувајќи го Новиот Завет “презрена книга“ и “причина за убиство на милиони евреи“ Бен-Ари ја искинал книгата пред камерите на израелската телевизија NRG-Maariv и ја фрлил во кошницата за ѓубре, изјавувајќи при тоа дека “тоа е изопачена мисионерска провокација од страна на црквата; таа книга и тие што ја испратиле треба да бидат во кофата за ѓубре на историјата“, соопштува AFP.