Ете зошто во животот не е поважно од се “засекогаш најдената“ праведност: тоа е илузија, штетна и глупава утопија. Во животот поважно од се е живото срце, кое искрено посакува творечка праведност; и уште - сеопштата увереност дека луѓето навистина искрено ја посакуваат творечката праведност и чесно ја бараат. И ако тоа постои, тогаш луѓето лесно ќе се помируваат со неправдите на животот - условните, времените или случајните, и со радост ќе ги покриваат со жртвено настроение. Бидејќи секој ќе знае дека го чека вистинската, т.е. творечко-љубовна праведност“.
Иван Иљин-Од книгата “Срце кое пое“ (руски философ, богоискател, 1883-1954)