Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Photo Albums | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My photos [1553]
Фотографии [146]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Photo album » My photos »
    СВЕТИ ЕРАЗМО ОХРИДСКИ 15/2 јуни

    Св. свешт-мч. Еразмо Охридски – Овој светител бил роден во Антиохија и живеел во времето на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Крепко се подвизувал на ливанската гора и бил надарен од Бога со голем дар на чудотворство. Како архиереј тргнал да го проповеда Евангелието. Стигнувајќи во градот Охрид, Еразмо со молитва го воскреснал синот на некој човек по име Анастас и го крстил. Во таа прилика Еразмо покрстил и многу други незнабожци и ги разорил идолските жртвеници во Охрид. Заради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој во тоа време престојувал во Илирија. Царот го извел пред бакарната статуа на Зевс, му наредил да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо пројавил сила и од идолот излегла страшна ламја која го исплашила народот. Повторно светителот пројавил сила и ламјата умрела. Тогаш светителот го проповедал Христа и покрстил дваесет илјади души. Огорчениот цар наредил, та ги исекле сите овие дваесет илјади души, а Еразмо го ставил на тешки маки, па потоа го фрлил во самица. Но му се јавил ангел Божји, како некогаш на апостол Петар, и го извел Еразмо од самицата. Потоа овој слуга Божји отишол во Кампанија, каде им го проповедал Евангелието на луѓето, па се вратил во градот Хармелија, каде се повлекол во една пештера, во која се подвизувал до смртта. Пред смртниот час, трипати се поклонил кон Исток и со подигнати раце се молел на Бога за Бог да им ги опрости гревовите и да им дарува вечен живот на сите оние кои со вера ќе го повикуваат неговото име (на Еразмо). По свршувањето на молитвата, се чул глас од небото: „Нека биде како што молеше, исцелувачу мој, Еразмо!“ Сиот радосен, светителот уште еднаш погледнал во небото и видел венец на славата како се спушта кон него, и видел хорови на ангели, пророци, апостоли и маченици кои приоѓаат да ја примат неговата света душа. На крајот извикал: „Господи, прими го мојот дух!“ и издивнал околу 303 година. Пештерата со црква, посветена на св. Еразмо и денес постои недалеку од Охрид и од неа и до ден-денес се пројавува големата сила на угодникот Божји Еразмо свештеномаченикот.
    Views: 263 | Dimensions: 442x600px/80.3Kb
    Date: 2013-08-16 | Added by: Вељанко
    View photo in real size
    Rating: 0.0/0


    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024