Охридското Езеро е најголемото езеро во Македонија и меѓу трите најстари езера во светот. Од биолошки аспект, претставува најзначајен стагнантен акватичен екосистем во Европа, стар меѓу 3 и 10 милиони години, на чие дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса кои биле активни пред 50000 години. Истражувањата покажале дека басенот под Охрид се карактеризира со три поголеми тектонски пореметувања. Станува збор за многу стар еко-систем. Научниците велат дека под дното се крие уште едно помало езеро. Најстарите населби околу езерото датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е., а откриени се повеќе од 170 археолошки места.