Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 9:05 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » February » 2 » МНР Русија ја коментира ситуацијата во Република Македонија
    6:21 PM
    МНР Русија ја коментира ситуацијата во Република Македонија

    МНР Русија ја коментира ситуацијата во Република Македонија

    Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во четвртокот се јави со коментар по повод политичката ситуација во Република Македонија.
     

    Во коментарот на МНР РФ се вели дека Москва „констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Република Македонија. Станува очигледно дека „вештачки предизвиканите“ вонредни парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година не водат кон регулирање на ситуацијата. Се чини дека целата работа е во тоа што под псевдодемократските слогани продолжува грубото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. Целта е очигледна - збогување со непожелните за Западот македонски политичари, да се реформатира власта и покрај изразеното мислење на граѓаните во текот на гласањето во корист на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од Н. Груевски и Демократската унија за интеграција на А. Ахмети.

     

    Особена загриженост предизвикува фактот дека во мултиетничка и мултиконфесионална Македонија, каде се случи тежок меѓунационален конфликт, политичарите на една етничка заедница, врз основа на однадвор диктирани ултимативни барања, фактички решаваат кој од блоковите ќе влезе во составот на идната владејачка коалиција. Бесрамното, макијавелистички манипулирање со волјата на гласачите се заканува со експлозија на ситуацијата како во самата Македонија, така и да ја наруши кревката стабилност на целиот балкански регион.

    „Убедени сме дека само целосното отфрлање на погрешната практика на надворешно управување, потпирањето врз реалната демократија, преминот кон решавање на  внатрешните проблеми од страна на балканските држави се основа за градење на довербата меѓу народите кои живеат тука и за формирање на клима на безбедност и соработка во регионот.

    Извор: “Руска реч на македонски“

     

    Views: 240 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024